Шефот на турската дипломатија Фидан: Ќе продолжиме да дејствуваме во соработка и солидарност со Албанија на секое поле

February 27, 2025
1 min read

АНКАРА (АА) – Турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, изјави дека неговата земја ќе продолжи да дејствува во соработка и солидарност со Албанија на секое поле, имајќи ги предвид заедничките интереси, известува Анадолу.

Фидан во Анкара оствари средба со министерот за Европа и надворешни работи на Албанија, Игли Хасани.

По средбата, двајцата шефови на дипломатии одржаа заедничка прес-конференција.

Шефот на турската дипломатија, Фидан, истакна дека напорите за изнаоѓање решенија за регионалните проблеми ја зајакнуваат основата за мир и стабилност на Балканот и додаде: „За таа цел ќе продолжиме да соработуваме со Албанија.“

„Ќе продолжиме да дејствуваме во соработка и солидарност со Албанија на секое поле, имајќи ги предвид нашите заеднички интереси“, рече Фидан.

Зборувајќи и за ситуацијата во Босна и Херцеговина, министерот Фидан рече:

„Целосна е нашата поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина.“

Осврнувајќи се на меѓународните случувања, Фидан истакна:

„Ако е потребно повторно воспоставување на европската безбедносна архитектура, тоа не е можно без Туркије. Безбедносната архитектура што ја исклучува Туркије не е многу реална.“



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Лефков: Дебакл на СДС, Филипче не знае што му подметнуваат, а партијата спинува со изјави стари 2 години

Следно

Негативен природен прираст и зголемен број разводи во четвртиот квартал лани

Latest from Blog

Нов потег на Путин: Русите вежбаат со Кинезите, пристигна нуклеарно предупредување

Путин го посети воениот полигон во регионот Чељабинск за да ја следи завршната фаза од вежбата „Центар-2026“. Вежбата се одржа во склоп на вежбата „Интеракција-2026“, спроведена од членките на Организацијата на Договорот

Муслиу згреме: Не оди повеќе вака, репрезентацијата не е зае*анција

Еден од поискусните во македонскиот состав, дефанзивецот Висар Муслиу беше разочаран, но и лут по поразот од Шкотска. Муслиу потенцираше дека некои работи веднаш мора да бидат променети. Сите фудбалери, почнувајќи од

Мечки влегуваат во дворови во Русија: 16 лица загинаа за еден месец

Најтешко погоден е огромниот регион Краснојарск во централен Сибир, каде што оваа година седум лица ги загубиле животите во напади од мечки. Руското Министерство за природни ресурси и животна средина наведува дека
Go toTop