Трамп: ЕУ е создадена да ги „зезне“ САД, царините од 25% доаѓаат „многу наскоро“

February 26, 2025
1 min read

ВАШИНГТОН (АА) – Американскиот претседател Доналд Трамп денес ја нападна Европската Унија (ЕУ) и вети дека ќе воведе царини од 25 отсто „општо кажано“ за извозот на 27-члениот блок „многу наскоро“, јавува Анадолу.

ЕУ, рече Трамп, „е формирана со цел да ги ‘зезне’ Соединетите Американски Држави. Тоа е целта и тие добро ја завршија работата. Но сега јас сум претседател.“

„Тие навистина нè искористија на поинаков начин“, изјави Трамп за новинарите на првиот состанок на Кабинетот по преземањето на функцијата во јануари. „Тие не ги прифаќаат нашите автомобили. Тие не ги прифаќаат нашите земјоделски производи. Користат секакви причини зошто не (ги прифаќаат), а ние прифаќаме сè од нив, а имаме дефицит од околу 300 милијарди долари со Европската Унија. Сега ги сакам земјите од Европа. Јас сум оттаму во одредена смисла, многу одамна, но индиректно, но и прилично директно.“

Трамп рече дека новите давачки за увоз ќе бидат воведени за „автомобилите и сите други работи“.

Изјавите доаѓаат откако Трамп го прими францускиот претседател Емануел Макрон во Белата куќа во понеделникот и пред утрешната посета на премиерот на Велика Британија, Кир Стармер.

– ЕУ е трет по големина трговски партнер на САД –

Американскиот извоз во 27 земји членки на ЕУ во 2022 година, последната година за која трговскиот претставник на САД има податоци, изнесуваше вкупно 350,8 милијарди долари, а увозот изнесуваше 553,3 милијарди долари. Тоа претставува трговски дефицит од околу 200 милијарди долари, но не ја дава целосната слика, сепак, со оглед на тоа што САД имаат предност од 70 милијарди долари во трговијата со услуги.

Исто така, има повеќе странски директни инвестиции што се влеваат во САД од Европа отколку обратно, во износ од 210 милијарди долари, според податоците на Европската комисија.

Американскиот претседател Трамп потпиша извршна наредба на 13 февруари со која се задолжуваат „реципрочни царини“ за странските држави да соодветствуваат на увозните давачки.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски: Правиме закон кој ќе гарантира вистинска правична застапеност, но и уставност

Следно

Поради сообраќајка со жртва пренасочен сообраќајот на патот Битола – Прилеп

Latest from Blog

„Булмак 2016“ со четиригодишен проект за развој на детскиот спорт во Пробиштип

Спортот има клучна улога во правилниот психофизички развој на секое дете. Преку иницијативата Кошарка за секое дете во Пробиштип веќе се создаваат нови можности за најмладите да спортуваат бесплатно и да градат

Тоневски: Четвртоодделенците од „Никола Карев“ поставуваа прашања за работата на Општина Пробиштип

Ученици од четврто одделение при ООУ „Никола Карев“ ја посетија Општина Пробиштип и одблизу се запознаа со работата на градоначалникот, општинската администрација и надлежностите на локалната самоуправа. Во разговорот со градоначалникот Тони

МЕПСО инвестира во иднината на енергетиката: Се подготвува зајакнување на мрежата во југоисточниот регион

АД МЕПСО продолжува со реализацијата на стратешките активности за модернизација на електроенергетската инфраструктура во Македонија. Денеска генералниот директор на компанијата, доц. д-р Бурим Љатифи, потпиша договор со Никола Битрак, извршен директор на

Проданоски: Обезбедивме 10 телевизори за собите во Домот „Киро Крстески – Платник“

За собите во Домот за стари лица „Киро Крстески – Платник“ во Прилеп се обезбедени 10 нови телевизори во соработка со Тутунскиот комбинат АД Прилеп, соопшти градоначалникот Дејан Проданоски по посетата на

Коњановски: Битола и Турција ќе ја продлабочуваат соработката во економијата, културата и туризмот

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска се сретна со новиот турски амбасадор во Македонија, Алпер Акташ. Во фокусот на разговорот беа можностите за продлабочување на соработката во економијата, културата и туризмот. Коњановски
Go toTop