Мицкоски: Правиме закон кој ќе гарантира вистинска правична застапеност, но и уставност

February 26, 2025
2 mins read

Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека законот кој ќе гарантира правила на застапеност на етничките заедници е во фаза на анализа од експерти по уставно право и дека пред да биде проследен во собраниска процедура ќе биде пратен во Венецијанска комисија на мислење за, како што рече, „да нема можност никој потоа од тоа да прави политика“.

На прашање дали со неговата изјава дека додека е премиер нема да има етнички вработувања ја демантирал изјавата на неговиот заменик Изет Меџити дека ќе бидат вработени 2000 до 3000 Албанци, Мицкоски во интервју за ТВ Алсат одговори „тоа можете како сакате да се сфати“.

-Во суштина, нема да има политички вработувања, нема да има партиски вработувања, без разлика дали таа партија е етнички албанска, турска, ромска, српска, повеќеетничка, македонска итн. Ценам дека треба да го надминеме оној Рубикон кога функциониравме по принципот „како до сега“ и партиски препораки, треба да се гледа квалитетот бидејќи ако сакаме да одиме напред, и ако сакаме да создадеме општество во кое сакаме да живееме тогаш треба да гледаме квалитет, а не да гледаме било какви партиски препораки… Јас познавам многу квалитетни и Албанци, и Срби, и Турци, и Роми, и Македонци…, рече Мицкоски.

Посочи дека е во фаза изработка на законот кој ќе гарантира правила на застапеност на етничките заедници и на централно и на локално ниво.

-Затоа што во некои заедници и Македонците се помалкуброен етникум, како што е, да речеме, во Тетово, во Гостивар итн. Работиме на тој закон и цениме дека многу скоро од денеска ќе биде готов. Идејата и концептот е готов уште во декември, но сакаме да вклучиме во процесот професори по уставно право, коишто ќе дадат толкување.  Уставни експерти го анализираат, меѓу себе се консултираат и дебатираат и цениме дека кога ќе биде готов концептот како таков, пред да биде однесен во собраниска процедура, ќе биде испратен на Венецијанска комисија на мислење за да нема можност никој потоа од тоа да прави политика, рече Мицкоски во гостувањето во Дневникот на ТВ Алсат.

Суштината, рече, не е во тоа колку брзо законот ќе биде донесен, туку да биде решение „кое во моментов ќе ни гарантира вистинска правична застапеност, но и уставност“.

Додаде и дека откако е претседател на Владата не отворил етнички теми зашто сака главно да се фоксуира на економија, развој и подобар живот.

-Затоа што ако постојано се занимаваме со политички и етнички теми кои ќе произлезат од опозицијата, ќе има помалку простор да се занимаваме со вистинските работи и вистинскиот живот, зашто сите граѓани сакаат да живеат убаво, истакна премиерот.

Одговори дека никому „слепо не верува“ откако беше прашан дали слепо му верува на неговиот заменик Изет Меџити, откако Владата вчера експресно ги отфрлила наводните докази на СДСМ и ДУИ за незаконско работење на првиот вицепремиер.

-Јас никому слепо не верувам, но тоа што го доставија СДСМ и ДУИ е навистина класично политиканство. Нема никаква врска ниту со прекршување на закон, ниту, пак, има било каква суштина… Требаше во Обвинителство, но тие мене ме повикуваа. Тие не го повикуваа обвинителот, туку мене ме повикуваа. И затоа мојот одговор беше таков – ако имате било какви докази, тогаш доставете ги. Тие ги доставија, тоа што го доставија, би рекол, нема никаква суштина, ниту па елементарна основа за било што, така што, тука се затвори таа тема, рече Мицкоски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Не ми паѓа на памет да се менува химната“ – Мицкоски: Размислувам за смена на државниот грб!

Следно

Трамп: ЕУ е создадена да ги „зезне“ САД, царините од 25% доаѓаат „многу наскоро“

Latest from Blog

Депортиво и Елче ги поделија бодовите

Во единствениот меч од денешката Примера програма екипата на Депортиво Ла Коруња на домашен терен не успеа да ја искористи предноста на својата публика и одигра 1:1, со тимот на Елче. Домаќинот

Русија е во потрага по синот на американскиот министер за здравство- се борел на страната на Украина

Конор Кенеди, кој е правнук на поранешниот американски претседател Џон Ф. Кенеди, се приклучи на Украинската меѓународна легија на самиот почеток на руската инвазија. Неговиот татко, Роберт Ф. Кенеди помладиот, ја презеде

Државата ќе продава скоро 1.000 хаварисани возила – одат на лицитација како старо железо, еве кои се условите за купување

Агенцијата за управување со одземен имот става на продажба дури скор 1.000 хаварисани возила, кои ќе се нудат во еден закупен пакет исклучиво за третман како отпаден материјал. Возниот парк од конфискувани

Тимот на Инфантино се распаѓа, Кевин Ламур си поднесе оставка

Оперативниот директор на ФИФА, Кевин Ламур, инаку еден од најблиските соработници на претседателот на кровната фудбалска институција во светот, си замина од функцијата односно си поднесе оставка. Потегот се случува по серијата

Венецуела бара од Британија да им врати 31 тон злато, вредно 4 милијарди долари

Средствата се наменети за обнова на земјата по катастрофалните земјотреси во јуни. Реткиот консензус е постигнат по две недели преговори со посредство на Соединетите Американски Држави, а целта е да се деблокираат
Go toTop