ГОБ „8-ми Септември“ ќе се реконструира и за тоа ќе се вложат 12 милиони евра

February 23, 2025
1 min read

ГОБ „8-ми Септември“ ќе се реконструира и за тоа ќе се вложат 12 милиони евра од ТАВ проектот, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Како што изјави Мицкоски, болницата ќе биде опремена по европски стандарди, со најсовремена апаратура. Ќе се реновираат неколку хируршки сали, но и кровот.

-Сега некој оперира, а одозгора му тече ако заврне. Малку е непристојно. За жал, никој тоа не го видел десетици години наназад. Ние тоа го видовме и благодарение на заедничката акција на министерот за здравство, министерот за транспорт, луѓето од ТАВ и директорот на „8-ми Септември“, завршивме се. Се е и административно потврдено, поминато е на Влада и договорите се потпишани. Оваа недела очекувам медиумите да дознаат повеќе детали. Ќе имаме европски услови во таа здравствена установа. Неколку хируршки сали, мислам дека се седум, ќе бидат европски конкурентни, со најсовремена апаратура и стандарди, а истовремено ќе се реновира и реконструира кровот зашто протекува, информира Мицкоски, одговорајќи на новинарско прашање по посетата на Општина Гази Баба.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Рускиот министер за надворешни работи, Лавров, утре во официјална посета на Туркије

Следно

Со знаци на труење починал 21-годишен осуденик во затворот во Штип

Latest from Blog

ЗА ТОА ШТЕ ЌЕ СЛЕДИ ВИНОВЕН Е ЗЕЛЕНСКИ – Москва најави сосема нов вид војна во Украина

Москва во рок од само неколку минути испрати две фатални и бескомпромисни пораки до украинското раководство: руското Министерство за одбрана најави драстично засилување на ракетните удари низ цела Украина, додека Кремљ децидно

САУДИСКА АРАБИЈА ТРГНУВА ВО ОФАНЗИВА

Саудиска Арабија подготвува голема воена офанзива против јеменските Хутити, со цел да ги поништи нивните неодамнешни успеси со кои ја презедоа контролата врз клучниот теснец Баб ел-Мандеб, витална жила куцавица за глобалниот
Go toTop