Рускиот министер за надворешни работи, Лавров, утре во официјална посета на Туркије

February 23, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, утре ќе престојува во официјална посета на Анкара, соопштија дипломатски извори, јавува Анадолу.

Во рамки на посетата, Лавров и неговиот турски колега Хакан Фидан ќе разговараат за билатералната соработка, особено во полето на трговијата, енергетиката и туризмот.

Министрите за надворешни работи ќе разменат мислења и за ставањето крај на војната во Украина со праведен и траен мир преку дипломатски напори и ќе разговараат за неодамнешните контакти меѓу САД и Русија и придонесот на Туркије во овој процес.

На средбата ќе биде нагласена и подготвеноста на Туркије да биде домаќин на идните разговори меѓу Русија и Украина, исто како што беше во март 2022 година.

Регионалните и глобалните прашања, меѓу кои и Сирија и Блискиот Исток, исто така ќе бидат тема за време на разговорите, соопштија изворите, додавајќи дека Фидан ќе ја истакне одлучноста на Анкара за целосното чистење на Сирија од терористичките елементи и ќе ја нагласи важноста од зачувување на територијалниот интегритет и политичкото единство на Сирија.

Турскиот министер Фидан ќе потсети дека агресивниот пристап на Израел кој го загрозува територијалниот интегритет на Сирија е неприфатлив, а исто така ќе нагласи дека започнувањето на работите на обновата е неопходно за стабилноста на Сирија.

Фидан ќе посочи и дека прекинот на огнот во Газа мора да биде траен и да се зголеми хуманитарната помош за Газа. Тој, исто така, ќе нагласи дека присилното раселување на Палестинците од нивната татковина е неприфатливо.

Мирот на Блискиот Исток може да се постигне само врз основа на дводржавното решение, ќе повтори Фидан за време на разговорите.

Лавров последен пат ја посети Туркије на 18 октомври минатата година, како дел од состанокот на Регионалната платформа за соработка 3+3.

Фидан и Лавров последен пат се сретнаа на 20 февруари во Јоханесбург на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на Г-20.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Распродадени влезниците за ракометното дерби Еурофарм Пелистер – Алкалоид

Следно

ГОБ „8-ми Септември“ ќе се реконструира и за тоа ќе се вложат 12 милиони евра

Latest from Blog

Проданоски: Прилеп го добива својот прв меѓународен фолклорен фестивал

Со богата фолклорна програма и учество на ансамбли од повеќе држави, Прилеп го најавува првиот Меѓународен фолклорен фестивал „Итар Пејо“, кој има амбиција да стане нова препознатлива туристичка и културна содржина на

Синодот на МПЦ-ОА му одговори на Вучиќ: „Нашата водилка е Евангелието“

Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА) реагира на неодамнешната изјава на српскиот претседател Александар Вучиќ дека „Српската Црква е иста и во… Скопје…“. Реакцијата на Синодот доаѓа
Go toTop