ЗЛАТНА МЕЧКА НА БЕРЛИНАЛЕ ЗА НОРВЕШКИОТ „СОНИШТА (СЕКС ЉУБОВ)“ НА ХАУГЕРУД

February 22, 2025
1 min read

„Соништа (секс љубов)“ на норвешкиот режисер Даг Јохан Хаугеруд, портрет на тинејџерка со страсна имагинација која ги преточува своите интензивни чувства кон учителот во трансформативен личен есеј, ја освои Златната мечка на јубилејно 75. издание на Берлинскиот филмски фестивал што заврши вечерва. Наградата го затвора кругот на Хаугеруд, откако премиерно го прикажа „Секс“ – првиот филм од трилогијата – една година претходно во програмата Панорама на Берлиналето во 2024. Вториот филм „Љубов“ играше лани Венеција.

„Филмот се вика ‘Дромер’ – на норвешки значи соништа – и ова навистина беше вон моите најлуди соништа. И јас само ќе кажам: пишувајте повеќе и читајте повеќе. Тоа ви го проширува умот. Тоа е многу добро за вас“, рече режисерот примајќи ја наградата од претседателот на жирито Тод Хејнс.

„Соништа (секс љубов)“ ја освои и наградата на Меѓународната федерација на филмски критичари-ФИПРЕСЦИ.

Сребрената мечка – Гран при на жирито ја освои Габриел Маскаро за „Сината патека“, филм кој го оспорува начинот на кој општеството се однесува кон своите најстари граѓани. Сребрената мечка – награда на жирито ја доби „Порака“ на Иван Фунд. Сребрената мечка за најдобар режисер ја освои Хуо Менг за „Живеење на земјата“.

Роуз Бирн ја освои наградата за најдобра главна улога за „Да имав нозе ќе те клоцнев“ на Мери Бронштајн. Во филмот што се врти како торнадо околу изведбата на Бирн, австралиската актерка глуми мајка која жонглира меѓу својата работа како терапевт и одгледувањето дете со посебни потреби. Ендрју Скот ја доби наградата за најдобра споредна улога за улогата на Ричард Роџерс (од музичкото дуо Роџерс и Хамерштајн) во „Сина месечина“ на Ричард Линклејтер.

Прочуениот романски автор Раду Жуде доби награда за најдобро сценарио за „Континентал ’25“. Најдобар документарец е „Држејќи го Лиат“ на Брандон Крамер, а наградата на Берлинале значи и квалификација за Оскар за 2026.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Протест против еврото во Софија: Шестмина приведени, меѓу кои и пратеник

Следно

ВИДЕО: Историско злато за Македонија – Даниела Алексовска европска ММА шампионка!

Latest from Blog

Американците убиле 153 цивили за една година

Ова е значително зголемување од 2024 година, кога Пентагон процени дека двајца цивили биле убиени, а двајца повредени во американските воени операции, објави Ројтерс. Според извештајот на Пентагон до Конгресот, сите смртни

Статистика со одредена доза мистика

Податоците за стапката на невработеност во земјите од Г20 како повод за наша економска опсервација. Според најновата компаративна анализа на РИА Новости, Русија има најниска стапка на невработеност меѓу земјите од Г20

Неславен рекорд на Владимир Путин

Јули беше исто така четвртиот најефикасен месец за украинските сили во однос на загубите на руски персонал од почетокот на целосната руска инвазија. Генералштабот на Украина проценува дека вкупните загуби на руски
Go toTop