Возач на багер затрупан од лавина во Туркије

February 22, 2025
1 min read

ШИРНАК (АА) – Лавина зафати багер додека работел на отстранување на снегот во југоисточната турска област Ширнак, јавува Анадолу.

Инцидентот се случи денес додека екипи на Специјалната обласна управа работеа на расчистување на патот што води кон селото Ѓокче во Бејтушшебап, југоисточна Туркије, затворен поради обилните снежни врнежи.

Во тие моменти лавина удрила во багерот со кој управувал Ирфан Џ.

Моментот на лавината го снимил самиот Ирфан Џ. со својот мобилен телефон.

На снимката тој вели: „Машината е целосно заглавена во снегот. Воопшто не можам да се движам. Можам да дишам, фала му на Алах. Но, не можам да се движам“.

По лавината, на местото на настанот е испратена дополнителна механизација за да помогне во спасувачката операција.

Спасувачките екипи успеаја да стигнат до Ирфан Џ. и безбедно да го извлечат.

Тој потоа е пренесен во државната болница во Бејтушшебап, каде медицински лица потврдија дека неговата состојба е стабилна.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Протест против воведувањето на еврото во Бугарија, демонстрантите се судрија со полицијата

Следно

Меџити: ДУИ ништо не разбира, нема одземање на ингеренции, туку враќање на овластувањата

Latest from Blog

ЗА ТОА ШТЕ ЌЕ СЛЕДИ ВИНОВЕН Е ЗЕЛЕНСКИ – Москва најави сосема нов вид војна во Украина

Москва во рок од само неколку минути испрати две фатални и бескомпромисни пораки до украинското раководство: руското Министерство за одбрана најави драстично засилување на ракетните удари низ цела Украина, додека Кремљ децидно

САУДИСКА АРАБИЈА ТРГНУВА ВО ОФАНЗИВА

Саудиска Арабија подготвува голема воена офанзива против јеменските Хутити, со цел да ги поништи нивните неодамнешни успеси со кои ја презедоа контролата врз клучниот теснец Баб ел-Мандеб, витална жила куцавица за глобалниот
Go toTop