ВРЕДИ: ДУИ да го почне ветингот од својот претседател

February 22, 2025
1 min read

На ДУИ конечно им текна дека треба да се чистат самите себе од криминал. Конечно погодија каде е криминалот.

ДУИ, партијата што дваесет години ги третираа Албанците како основа само и единствено како основа за фамилијарна фирма и бизнис, деновиве најавува „ветинг“ – прочистување на функционерите од криминал и корупција. Одлично! Конечно им текна дека треба да се чистат самите од себе.

Но, ако навистина се сериозни, нека почнат од својот лидер – Али Ахмети!

Господа од ДУИ, дали сте подготвени да објасните:

Како Дрин Ахмети, внукот на Али Ахмети, без да вложи ни денар, стана косопственик на трговскиот центар „Соравија“ во Скопје, објект вреден 30 милиони евра? Ако овој ветинг е вистински, објавете ги договорите, финансиите и банките што го финансирале ова „чудо“.

Како фирмата „Тор Индустриес“ на Дрин Ахмети добива милионски договори како подизведувач на Коридорот 8 и патот Кичево-Дебар? Колку од тие милиони се враќаат во партиските џебови?
Зошто Министерството за економија, предводено од Крешник Бектеши, не ја укина концесијата на „Еверест ЏД“, иако фирмата на Дрин Ахмети експлоатирала минерални суровини нелегално? Наместо санкција, добил нови тендери!

Како Бесиан Ахмети, друг внук на Али Ахмети, со само 10 месеци искуство доби висока дипломатска функција во Брисел? Па не сме знаеле дека талентот за дипломатија е наследен по крвна линија!
Зошто Шкумбин Ахмети, синот на Али Ахмети, кој дипломирал на тетовскиот универзитет како архитект, сега управува фирма за производство на струја и со братучедите планира да изгради фотоволтаична централа од 60MW вредна 35 милиони евра? Дали овие проекти се дел од „зелената агенда“ на ДУИ или само од нивните зелени банкноти?

Ако ДУИ навистина сака „ветинг“, нека го почне од сопствените редови. Нека објави колку пари има на сметка Али Ахмети, неговото семејство и сите негови блиски соработници. Нека докажат како овие луѓе, кои никогаш не работеле ништо освен политика, се трансформираа во мултимилионери.

Но, ние знаеме дека ова е само уште една лажна претстава. ДУИ ќе зборува за ветинг, но нема да го допре сопствениот криминал. Ќе се кријат зад празни изјави, додека зад кулисите продолжуваат со истите коруптивни шеми.

Затоа, пред да го лажете народот, почнете со ветинг на Али Ахмети! Ако немате храброст за тоа, тогаш вашата „борба против криминалот“ не е ништо друго освен нова измама. Граѓаните веќе ја препознаваат вашата игра – ДУИ и криминалот се едно исто!

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Безбеден град“ стартува во 2026 година: Паметните камери ќе ги следат прекршоците

Следно

Хамас му предаде двајца израелски заробеници на Црвениот крст во Рафа

Latest from Blog

Хоџа: Државата и во 2026 со силна финансиска поддршка за националните паркови

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, на работен состанок со директорите на националните паркови Пелистер, Маврово, Галичица и Шар Планина, ја потврди силната и континуирана поддршка на Министерството за

Автомобил удри во супермаркет во Лос Анџелес- најамалку тројца загинати, возач била 92 годишна баба (ВИДЕО)

Се вели дека жената зад воланот имала 92 години. Несреќата се случила кратко по пладне по локално време на „Ранч Маркет“ број 99 на булеварот Вествуд, кога возилото се удрило во зградата,

Рекордна посетеност на Собранието во 2025

Собранието и во 2025 година ги отвори своите врати за организирани посети и едукативни тури и продолжи да им овозможува на граѓаните одблизу да се запознаат со просториите и работата на законодавниот

Македонско друштво ‘Илинден’-Тирана ги додели наградите и благодарниците ‘Илинден’ за 2026 година

Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана ги додели годинешните награда “Илинден” и благодарница “Илинден”. По повод седумнаесетгодишнината од основањето и плодната работа на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана, неговите Управни органи и претседателот г-дин Никола Ѓурѓај, донесоа

Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана додели Награда “Илинден” и Благодарница “Илинден” по повод седумнаесетгодишнината

Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана ги додели годинешните награда “Илинден” и благодарница “Илинден”. По повод седумнаесетгодишнината од основањето и плодната работа на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана, неговите Управни органи и претседателот г-дин Никола Ѓурѓај, донесоа
Go toTop