Хамас му предаде двајца израелски заробеници на Црвениот крст во Рафа

February 22, 2025
1 min read

АНКАРА (АА) – Бригадите Ал-Касам, военото крило на Хамас, денес му предадоа двајца израелски заробеници на Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) во Рафа, јужна Газа, како дел од седмата размена во рамките на договорот за прекин на огнот кој почна со примена на 19 јануари, јавува Анадолу.

Ослободените израелски заробеници се Тал Шохам, оперативец во израелската разузнавачка агенција Мосад и Авера Менгисту, кој е фатен во 2014 година под мистериозни околности кога влегол во Газа.

Претставниците на Црвениот крст потпишаа официјален протокол за трансфер со бригадите Ал-Касам, за безбедно предавање на заробениците.

По завршувањето на процесот, тимот на Црвениот крст го напушти местото со израелските заробеници.

Израелската армија во соопштение потврди дека ги примила заробениците, велејќи дека тие биле на пат за Тел Авив каде што ќе им биде извршена првична медицинска евалуација.

Вкупно, шест израелски заложници ќе се ослободат денес во замена за 602 Палестинци кои се држеа во израелските затвори. Уште четворица ќе бидат ослободени во Нусејрат, централна Газа.

Договорот за прекин на огнот стапи на сила минатиот месец, запирајќи ја геноцидната војна во Израел, во која се убиени најмалку 48.000 Палестинци, главно жени и деца, и која ја остави енклавата во урнатини.

Во ноември 2024 година, Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел се соочува и со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговата војна против енклавата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

ВРЕДИ: ДУИ да го почне ветингот од својот претседател

Следно

Замокот на ѓаволот во турски Ардахан ги привлекува туристите со импозантноста и мистичноста

Latest from Blog

Комуналец Прилеп: Чист град се гради со заедничка грижа

ЈКП „Комуналец“ Прилеп апелира до граѓаните за поголема грижа и одговорност кон јавните површини, со цел заеднички да се придонесе за почист, поуреден и позелен град. Екипите на претпријатието денеска извршија бојадисување

„ВАР отиде на кафе“ – селекторот на Гана згрме по мечот со Англија (ВИДЕО)

ФОТО:.facebook.com/ghanafaofficial/ Иако Англија доминираше во поседот на топката со 79 проценти од времето, Гана успешно го издржа притисокот и обезбеди клучен бод во Групата Л. Сепак селекторот на Гана, Карлос Кеирош верува

ТРАМП ЗБЕСНА НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ – Сенатот му нареди да ја запре војната со Иран

Сенатот на Соединетите Амрикански Држави (САД), каде мнозинството го имаат републиканците, усвои резолуција со кој му се наложува на претседателот на државата Доналд Трамп да ја запре војната со Иран или да

Коњановски на терен со директорите на јавните претпријатија по обилните врнежи

По силното невреме кое синоќа ја зафати Битола и околината, при што наврнаа над 40 литри дожд на метар квадратен, екипите на јавните претпријатија „Нискоградба“, „Водовод“ и „Комуналец“ се ангажирани на терен
Go toTop