Утрово најстудено во Берово, најтопло во Струмица

February 22, 2025
1 min read

Утрово најстудено било во Берово, каде се измерени -13 степени целзиусови, а најтопло во Струмица -4 степени. Најмногу снег има на Попова Шапка, каде висината на снежната покривка изнесува 31 сантиметар. 

Како што информира УХМР,  -11 степени се измерени во Маврови Анови, -10 Крива Паланка, -9 Демир Капија, Попова Шапка, Крушево, Скопје-Петровец, Велес, Куманово, -8 Тетово, Прилеп, Скопје-Зајчев Рид, -7 Кавадарци, Виница, Пожаране, Штип, -6 Гевгелија и -5 Охрид и Претор.

Висината на снежната покривка во 7 часот изнесувала 31 сантиметар во Попова Шапка и 8 сантиметри во Маврови Анови.

Времето денеска наутро многу студено, преку денот сончево со мала до умерена локална облачност, поголема во југоисточните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10 степени.

Во Скопје утрото студено, преку денот сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 9 степени.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Крис Павловски за Мицкоски: Еден од најдобрите лидери во Европа

Следно

Трамп го отпушти највисокиот американски воен функционер

Latest from Blog

ЗА ТОА ШТЕ ЌЕ СЛЕДИ ВИНОВЕН Е ЗЕЛЕНСКИ – Москва најави сосема нов вид војна во Украина

Москва во рок од само неколку минути испрати две фатални и бескомпромисни пораки до украинското раководство: руското Министерство за одбрана најави драстично засилување на ракетните удари низ цела Украина, додека Кремљ децидно

САУДИСКА АРАБИЈА ТРГНУВА ВО ОФАНЗИВА

Саудиска Арабија подготвува голема воена офанзива против јеменските Хутити, со цел да ги поништи нивните неодамнешни успеси со кои ја презедоа контролата врз клучниот теснец Баб ел-Мандеб, витална жила куцавица за глобалниот
Go toTop