ДАРКО КОСТОВСКИ СО АПСОЛУТНА ДОМИНАЦИЈА КОГА Е ВО ПРАШАЊЕ ПОЛИТИЧКИОТ РЕЈТИНГ ВО ОПШТИНА БУТЕЛ

February 21, 2025
1 min read

Во текот на вчерашниот ден беше спроведена анкета врз 1100 испитаници, анкетата ја спроведе сериозната рејтинг куќа ИПИС.

Костовски ужива огромна доверба кај кај етничките македонци, градоначалникот на Бутел ужива рејтинг како ретко кој градоначалник во историјата на независна Македонија. Дури 68% од етничките македонци се произнесле дека имаат позитивен став за Дарко Костовски.

Дарко Костовски исто така ужива голема доверба кај албанците во Општина Бутел, дури 32,3% позитивно се изјасниле за работата на градоначалникот Костовски. Според нашите извори ова е така највеќе заради тоа што Костовски стави крај на фактот од минатото, криминални банди да раководат со општина Бутел.

На прашањето дали Дарко Костовски работи подобро од претходникот градоначалник Велимир Смилевски, вкупно гледано и од етничките албанци и од етничките македонци, 61% се изјасниле дека работи подобро, додека 15% се изјасниле дека работи полошо од претходникот.

На прашањето за кого би гласале на следните избори помеѓу Дарко Костовски и Велимир Смилевски, вкупно гледано од сите етнички заедници, за Дарко Костовски одговориле 45%, За Велимир Смилевски 7,3%. Или 6,4 према 1.

За ВМРО-ДПМНЕ се изјасниле 25% од граѓаните, додека за СДСМ 4,3. Станува збор за не видена разлика досега помеѓу двете најголеми македонски партии.

Со оваа анкета се гледа јасна доминација на актуелниот градоначалник Дарко Костовски, со невидената работа на терен до сега, и со исполнување на сите дадени ветувања тој ужива голема доверба во граѓаните на Општина Бутел.

Како ретко кога, резултатите на престојните избори во Бутел се јасни. Доколку Костовски сака нов мандат, ќе го добие од граѓаните уште во првиот круг.

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

ЈАЗИКОТ Е ВАЖЕН ИСТО КАКО И ОДБРАНАТА И ПОЛИТИКАТА, А ПРОДОЛЖЕНИЕТО НА „БУШАВА АЗБУКА“ 10 ГОДИНИ ИНСТИТУЦИИТЕ ГО ЧУВААТ ВО ФИОКА“, ВЕЛИ РЕЖИСЕРОТ СЛОБОДАН УНКОВСКИ

Следно

Само една контрола на граничниот премин „Блаце“ – Тошковски: Во април ќе се стави во функција „Оне Стоп Шоп“

Latest from Blog

Турците побараа да се повтори натпреварот против Парагвај – причината е комична!

Фото: https://www.tff.org/ По два натпревари, Турција, сосема изненадувачки, се збогува со Светското првенство. Неочекуваните порази од Австралија (2:0) и Парагвај (1:0) и покрај доминацијата, предизвикаа бунт во оваа земја и се бараат

Мелони повикува на нормализација на односите со САД по конфликтот со Трамп

„Немам намера да продолжам да го поттикнувам овој спор“, рече италијанската премиерка, која оцени дека не постои ризик од негативни последици врз односите меѓу Италија и САД и дека врските меѓу двете

Божиновска: Реформите остануваат во фокусот – продолжуваме со транспарентна и одговорна реализација

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска денеска учествуваше на состанокот на високо ниво со ДГ ЕНЕСТ и тимот на Инвестициска рамка за Западен Балкан (WBIF), како дел од мониторинг

Божиновска: Продолжуваме со транспарентно спроведување на реформите и европската агенда

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска денеска учествуваше на состанокот на високо ниво со ДГ ЕНЕСТ и тимот на Инвестициска рамка за Западен Балкан (WBIF), како дел од мониторинг

МБИ10 загуби 31 поен, инвеститорите најактивни кај Алкалоид, Телеком и Комерцијална банка

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 24.06.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.620,48 поени. Во однос
Go toTop