Додик: Ако бидам осуден ќе ја забранам работата на Судот и на Обвинителството на БиХ во РС

February 21, 2025
1 min read

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик денеска изјави дека ако биде осуден пред Судот на Босна и Херцеговина поради неизвршување на одлуките на Високиот претставник Кристијан Шмит, РС ќе ја забрани работата на државниот суд и обвинителството, како и на државните безбедносни агенции.

-Оваа борба не е на Милорад Додик, туку реакција на акцијата што ја презеде политичко Сараево, истакна Додик за ТВ Пинк.

Тој истакна дека ако биде осуден „РС ќе го откаже секое присуство на судот и обвинителството, Агенцијата за истрага и заштита на БиХ (СИПА) и други вештачки и вонуставно наметнати тела на ниво на БиХ, ќе биде забранета нивната работа на територијата на РС, ќе биде донесе изборен закон и ќе направам се за да ги вратам 83 надлежности на нивната уставна позиција на БиХ“.

Додик наведе дека судењето е „чист политички прогон“ и оти РС ќе одговори со политички одлуки.

Тој истакна дека дури и Судот да му забрани политичка активност, тој ќе продолжи да се занимава со политика.

– Значи нема ништо да се случи, Милорад Додик останува тука, останува претседател на Републиката, дури и ако ми забранат политичка активност, ќе продолжам да се занимавам со политика, истакна Додик.

Претседателот на РС и вршителот на должноста директор на Службен весник на РС, Милош Лукиќ се обвинети за неспроведување на одлуки на високиот претставник, што според Кривичниот законик на БиХ предвидува затворска казна од шест месеци до пет години, како и забрана за вршење јавна функција.

Завршните зборови на обвинителството и одбраната беа на 19 февруари, а судијата има рок од три дена да изрече пресуда.  (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Даниела Алексовска во финалето на Европското ММА Првенство

Следно

И Канал 5 го осуди анти-Трамп настапот на Орданоски во сопствената емисија

Latest from Blog

Ирански напади врз Кувајт и ОАЕ

Армијата на Кувајт соопшти дека пресретнала и уништила 31 дрон, а нападите предизвикаа значителна штета на нафтените и енергетските постројки, како и на постројките за десалинизација на вода. И ОАЕ соопштија дека

Активна сесија на Берзата денес: Вкупен промет од 59,27 милиони денари КБ, НЛБ и Макпетрол во фокус – ОМБ без промена

Изготвен од Илирика Инвестментs АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза.  На берзанската сесија од 8 април 2026 година, индексот МБИ10 порасна за 0,19% и заврши на 10.074,34 поени,

Меџити: „Промена што се чувствува во секој дом“ – стартуваа работите во налбата Гази Баба

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, информираше дека започнати се градежните активности на улицата „Аврам Писевски“ во општина Гази Баба, кои се одвиваат со засилен интензитет. Со проектот се врши поврзување на
Go toTop