И Канал 5 го осуди анти-Трамп настапот на Орданоски во сопствената емисија

February 21, 2025
1 min read

И КАнал 5 го „откачи“ Сашо Орданоски и се апстрахираше од неговите анти-Трамп злодејанија и зборови:

„Вчудоневидени сме од вчерашниот настап на г-динот Сашо Орданоски кој со неопислива леснотија ја таргетираше новата аминистрација на нашиот најголем стратешки партнер – САД.

Исто така, ги осудуваме искажаните навреди, клевети и шпекулации од страна на Сашо Орданоски кои не би сакале да веруваме дека беа малеволентни вербални стрели при неговото опишување на карактерот, образованието и општествено-политичкото дејствување како на американскиот претседател Трамп така и на неговото потесно семејство и соработници.

За крај, Канал 5 ТВ и натаму ќе остане уникатна демократска медиумска платформа, отворена за сите различните гледишта и ставови, афирмативни или критични, но секој оној кој ќе ја (зло)употреби дадената минутажа и фреквенција на Канал 5 ТВ, треба да очекува дека ќе биде предмет на судот на јавност во Македонија.

Иван С. Мирчевски
Канал 5 ТВ“

Се вели во дел од извинувањето на директорот на Канал 5, кој меѓу другото за потсетување на 22.08.2018-та во истата „Само вистина“ јавно му се извини и на тогашниот министер за транспарентност Роберт Поповски за известувањето во минатите години, кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт…

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Додик: Ако бидам осуден ќе ја забранам работата на Судот и на Обвинителството на БиХ во РС

Следно

Тошковски: Финални технички подготовки на системите пред почеток на тест периодот за „One Stop Shop“ на граничниот премин Блаце

Latest from Blog

Божиновска: Со стипендии и практична работа им отвораме пат на младите инженери

На иницијатива на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, АД МЕПСО ја обновува програмата за студентско стипендирање. За академската 2026/2027 година ќе бидат доделени 15 стипендии во месечен износ

Општина Битола: До 19 ноември може да предложите волонтер или волонтерска акција за локална награда

Локалниот совет за волонтерство на Општина Битола ги поканува сите волонтери и организатори на волонтерска работа, кои во 2026 година оствариле значителен придонес во областа на волонтерството да се пријават на повикот

Канадски министер за енергетика: Рударството влегува во најголемиот инвестициски суперциклус во историјата

Светот влегува во досега најголемиот инвестициски суперцикл во историјата на металургијата и рударската индустрија, изјави канадскиот министер за енергетика и природни ресурси, Тим Хоџсон, за време на неговото обраќање во Лондон. Според него,

Рударството во пад: Димов повикува на развој заснован на знаење и стручност

Падот на индустриското производство во рударскиот сектор продолжува и во септември, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Во услови кога вкупното индустриско производство во државата бележи раст од 2,4%, рударството

Ракометната федерација на Македонија со остра реакција по мечот со Грција: Кратенката НМКД е неприфатлива

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) најави дека ќе поднесе официјален приговор до Европската ракометна федерација (ЕХФ) и до Ракометната федерација на Грција поради кратенката што беше употребена во телевизискиот пренос од натпреварот
Go toTop