Биљали во Аргумент плус: После секоја пандемија има војна, изјавите на Трамп ја плашат ЕУ

February 20, 2025
1 min read

Универзитетскиот професор Мерсел Биљали, во Аргумент плус рече дека светот веќе се наоѓа во некаква војна. Според него изјавите на Трамп ја заплашуваат и Европската Унија, но и земјите од регионот.

„Јас мислам дека се наоѓаме во војна и тоа во некаква светска војна и тоа некаква Трета светска војна и војните не наликуваат на претходните затоа што сега имаме еколошка ситуација и многу економски се води и тоа е некаква војна, санкциите и рефлексите во некакви држави. Ако се анализира, многу експерти мислат дека секогаш после некаква пандемија се јавува некаква светска војна. Во услови на сиромаштија се појавуваат некакви спасители оратори кои се обидуват на некој начин да спасат и настануваат војни. После ковид имаме поместување, се создава сиромаштија, пад на животен стандард и се појавуваат популистите и имаат одредени верувања и кога ќе наидат на препрека сакаат да одат до крај“, изјави Биљали.

Тој објасни дека Европската Унија е сега во голема паника и страв.

„Сега ЕУ е во голема паника и голем страв за што ќе се случи, и порано не била функционална, колку и да се фалиме за безбедноста таму тоа е нефукнционално и затоа Европа се плаши. ЕУ не може да функционира без САД и сега прв пат се соочува со тоа“, рече Биљали.

Според него во моментов Балкант останува без никаква контрола и помош.

„Најлошо е што сега Балканот е оставен без никаков чувар, без никој што е заинтересиран. ЕУ е зафатена со други проблеми кои не може да ги реши, Баканот е без контрола. Имаме можни промени во Србија, дали ќе успеат или не, ќе видиме. Балканот е куќа без кучиња и никој не не чува“, додаде Биљали.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Турскиот министер Фидан повика без одлагање да започне мировниот процес во руско-украинската војна

Следно

Перински во „Наткаст“: Мотивиран сум, можам да придонесам за подобрување и надминување на состојбите во Град Скопје

Latest from Blog

Проданоски: Нашата цел е младите да создаваат бизниси и да отвораат работни места во Прилеп

Младите се најголемиот потенцијал на Прилеп и нивните идеи можат да бидат основа за нови бизниси, работни места и развој на градот, порача прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски. Проданоски денеска присуствуваше на првиот

Продолжува војната на Трамп со медиумите: Блокиран пристапот на Си-Ен-Ен до претседателскиот авион

Си-Ен-Ен требаше да патува со Доналд Трамп во Тенеси на натпревар во колеџ-фудбал, соопшти мрежата во петокот. Белата куќа ја потврди исклученоста на Си-Ен-Ен кога не ја вклучи мрежата во известувањето испратено

Манчини со пораз се врати на клупата на Италија: „Не смееме да дозволиме поразите да нè обесхрабрат“

Роберто Манчини со пораз го започна новиот мандат на клупата на италијанската репрезентација. Аѕурите на домашен терен загубија со 0-2 од Белгија во првото коло од Лигата на нации, иако италијанскиот селектор

Македонија лидер на Балканот: Речиси една третина од домашната струја е произведена од сонце

Македонија се издвојува како соларен лидер на Балканот според односот меѓу произведената електрична енергија од сонце и вкупната годишна потрошувачка на електрична енергија. Според податоците на Ember за 2025 година, соларните електрани
Go toTop