Одлуките за ограничување на маржите и замрзнување на цените објавени во „Службен весник“

February 20, 2025
1 min read

Одлуките на Владата за ограничување на бруто профитната маржа и за замрзнување на дел од цените на прехранбените производи се објавени во „Службен весник“ со што од утре се очекува поевтинување на повеќе од 1000 производи. 

Одлуките беа донесени на седница на Влада во вторникот, а ќе траат до 30 април. Опфатени се производи од 102 групи. Трговците се должни да имаат најмалку 70 проценти на рафтовите од овие производи.

– Нашите очекувањата се дека со овие две одлуки цените на основите прехранбени производи кои се содржани во одлуката ќе се намалат во просек за околу 10 отсто, освен осумте основни прехранбени производи – млеко, леб, брашно тип 400 и 500, јајца, масло за јадење, јогурт и кисело млеко за кои се очекува да останат на исто ниво, односно да не се зголемуваат или да има минимално намалување, рече заменик-министерот за економија Марјан Ристески на прес-конференција во вторникот.

Согласно владината одлука за ограничување на бруто профитната маржа, на пет проценти е ограничена маржата кај млекото, лебот, брашното тип 400 и 500, јајцата, маслото за јадење, јогуртот и киселот млеко, на 10 отсто кај месото и преработките од месо, шеќерот, млечните производи, маргаринот, путерот, конзервирниот зеленчук и овошје, гравот, оризот и тестенините и на 15 проценти кај средствата за хигиена, свежото овошје и зеленчукот, детергентите, бебешката храна, пелените, сапунот, тоалетната хартија и слично.

Со одлуката за утврдување на највисоки цени на осум групи основни прехранбени производи, пак, како највисока цена треба да се земе цената од 1 февруари годинава. 

На одлуките на Владата, денеска реагираа од новоформираната Комора на трговци на големо и на мало од каде повторно побараа средба со премиерот и со министерот за економија.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Кои се можните двојки за осминафиналето во ЛШ?

Следно

Студија: Од 2000 година, глечерите изгубија над 6,500 милијарди тони мраз

Latest from Blog

Џон Малкович за аферата со убавата Мишел Фајфер: Кога ќе ја преминете границата, нема враќање

 Двајцата биле во брак во тоа време, а нивната романса од снимањето се прелеала и во реалниот живот. Во историската романса од 1988 година, режирана од Стивен Фрирс, Малкович и Фајфер ги

Зи-Зу веќе има договор и наскоро седнува на селекторската клупа на Франција

Француската фудбалска федерација постигна принципиелен договор со Зинедин Зидан за негово назначување за главен селектор на националниот тим, објави „Ел Национал“. Како што беше претходно објавено, 53-годишниот специјалист ќе го замени Дидие
Go toTop