Уставeн суд: Советот на јавни обвинители вршел дискриминација и незаконски си се самоунапредувале

February 19, 2025
1 min read

Уставниот суд на Република Македонија донесе одлука да поведе постапка за оценување на стажот на членовите на Советот на јавни обвинители кои се избрани од редот на јавните обвинители. Оваа одлука е резултат на иницијативата поднесена од обвинителката Ленче Ристоска, која го оспори Член 4 став 7 од Деловникот за работа на Советот. Според оспорената одредба, мандатот на овие членови се смета за позитивно оценет јавно-обвинителски стаж, освен во случаи предвидени во член 35-а од Законот за Советот на јавните обвинители.

Во иницијативата е наведено дека оспорената одредба е во спротивност со Амандманот XXX од Уставот, членот 7 од Законот за Совет на јавни обвинители и членовите 36 и 62 од Законот за јавното обвинителство. Подносителката наведува дека за времетрањето на мандатот, членовите на Советот на јавни обвинители избрани од редот на јавните обвинители не вршат јавно-обвинителска функција и не може да бидат оценувани, односно тие во конкретниот период не може да реализираат „позитивно оценет јавно-обвинителски стаж”. Се тврди дека станува збор за прашање кое не може да се уредува со Деловник, бидејќи изворно не е уредено со законски пропис, па се остава впечаток дека членовите сами си доделиле право и поволност кои Законодавецот не им го гарантирал. Од ова придобивка имаат самите членови кои по завршување на мандатот во Советот на јавни обвинители се унапредени во повисоки позиции во јавните обвинителства, се наведува во иницијативата.

Во врска со иницијативата за Изборниот законик со која се оспорени членовите 17 и 18 од Законот за изменување и дополнување на Изборниот законик, која што, исто така, беше на денешната седница, како што соопштуваат од Уставен, немало мнозинство бидејќи гласањето било изедначено поради отсуство на судијката Ана Павловска Данева. Ќе се гласа повторно на следната седница.

Подносителите на иницијативата Лилјана Поповска, Ѓорѓи Танушев, Костадин Ристоманов, Стојанчо Велков, Невена Георгиевска, Татјана Стојановска, Дејан Димитровски, Драгана Велковска, Горјан Јовановски, Јана Белчева-Андреевска, Јане Димески преку полномошник адвокатска канцеларија Петрушева, сметаат дека со оспорените членови се прави измена на членовите 61 и 62 од Изборниот законик, кои се однесуваат на условите за поднесување листи на независни кандидати за пратеници, како и за членови на совети и градоначалници. Се тврди дека е драстично подигнат прагот за поднесување на независни граѓански листи на изобри на 1 отсто од гласачкото тело, што според нив предизвикува нееднаква положба на граѓаните при здружување во иницијативни групи за поднесување на независни листи за учество на изборите. Се наведува дека овие измени создале нееднаквост на граѓаните и дискриминација во корист на партиите, имајќи предвид дека секоја партија која исто така претставува група граѓани, може да поднесе листи со кандидати, а е регистрирана со 1000 гласачи. Дополнително, според подносителите спорно е што измените се донесени во нетранспарентна и скратена постапка, без претходни консултации и јавна расправа.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

СЗО: Масовната вакцинација на децата во Газа против детска парализа ќе продолжи во сабота

Следно

Средба Мицкоски – Касаноф: Македонија има пријатели!

Latest from Blog

ПЛ: „Шумарите“ поразени дома, Евертон со моќна победа над Кристал Палас

фото: Premier League (X) Извонреден почеток на фудбалерите на Евртон на новата премиерлигашка сезона. „Сините“ од Ливерпул пред своја публика ги освоија премиерните три бода победувајќи со 2:0 на дуелот со Кристал

Петмина тинејџери загинале возејќи во спротивен правец за да снимат видео на Тик-Ток

Трагичната сообраќајна несреќа, која повторно го отвори прашањето за опасниот тренд на објавување снимки од диво возење на социјалните мрежи, се случила на 16 август, кога момчињата на возраст од 15 до

И Здравје и работа: Одлуките за рударството треба да се темелат на науката, стручноста и институционалната контрола

Јавната дебата за иднината на рударството во Македонија мора да се води со факти, стручни аргументи и почитување на различните ставови, а не преку ширење страв, непроверени тврдења и лични дисквалификации, порача

ВИДЕО | ХОРОР ВО РОДНИОТ ГРАД НА ЗЕЛЕНСКИ: Руски дронови погодија трговски центар, 16 лица загинаа

Спасувачите во Кривји Рих и натаму се борат со последиците од еден од најтешките напади врз градот во последниот период. Во разорниот руски напад со беспилотни летала врз трговски центар загинаа 16
Go toTop