Турскиот сателит Турксат 6А успешно го спроведе првото тестирање за пренос

February 19, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот сателит Турксат 6А, првиот сателит дизајниран и произведен во Туркије, успешно го заврши својот прв тест за емитување, објави денес турскиот министер за индустрија и технологија, Мехмет Фатих Каџир, јавува Анадолу.

„Првиот пробен пренос на нашиот прв национален комуникациски сателит Турксат 6А, еден од најголемите проекти на Националното технолошко движење, е успешно завршен“, соопшти Каџир преку платформата Х.

„Нашиот прв национален комуникациски сателит, Турксат 6А, успешно го направи своето прво пробно емитување во вселената со TRT World“, додаде Абдулкадир Уралоглу, турскиот министер за транспорт и инфраструктура.

„Ние дополнително го зацврстуваме нашето место меѓу земјите што произведуваат и раководат со свои сателити. Продолжуваме да работиме за независна, силна и високотехнолошка Туркије!“, истакна тој.

Турксат 6А, најновата верзија на турското семејство за комуникациски сателити Турксат, е дизајнирана и произведена од Турски воздухопловни индустрии (TAI), турската одбранбена фирма Аселсан и Советот за научни и технолошки истражувања на Туркије (TUBITAK).



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Белингем казнет со два натпревари поради вербален напад на судија

Следно

СЗО: Масовната вакцинација на децата во Газа против детска парализа ќе продолжи во сабота

Latest from Blog

ВЛЕН: Владината коалиција е стабилна, продолжуваме со исполнување на ветувањата

Централното претседателство на ВЛЕН одржа редовна седница на која беа разгледани актуелните политички случувања и беа потврдени приоритетите на коалицијата за претстојниот период. Од ВЛЕН порачуваат дека остануваат посветени на реализацијата на

Славески: Електронското и мобилното банкарство на „АЛТА банка“ повторно се достапни

Клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола од денеска повторно можат да ги користат електронското и мобилното банкарство за плаќање сметки и други обврски, како и за располагање со своите средства, соопшти гувернерот

Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Ѓурѓај се сретна со д-р Ѓорѓевиќ, претставничка на Европскиот центар за прашања на малцинствата

Разговор за правата на македонското национално малцинство во Албанија и можностите за унапредување на соработката меѓу Македонското друштво “Илинден“-Тирана и Европскиот центар за прашања на малцинствата. Во рамките на Дијалогот на Шлезвиг-Холштајн,

Божиновска: Со BAE Systems ја зајакнуваме заштитата на критичната енергетска инфраструктура

Воспоставувањето секторски Центар за безбедносни операции (SOC) и можностите за негово финансирање беа во фокусот на работниот состанок на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, со претставници на BAE
Go toTop