Словенечката претседателка со критики за елитистичкиот европски клуб кој се сретна во Париз

February 18, 2025
1 min read

Претседателката на Словенија, Наташа Пирц Мусар денеска изјави дека само единствена Европа може да биде силен и рамноправен актер во меѓународните односи.

Таа изрази незадоволство поради што на денешниот состанок во Париз, на кој ќе се разговара за безбедноста и војната во Украина, нема да присуствуваат сите лидери на земјите-членки на Европска Унија.

– Со голема загриженост ги следам случувањата поврзани со мировните напори во Украина. Само обединета Европа може да биде силна Европа, а со тоа и рамноправен играч во меѓународните односи. Само Европа која има почит ширум светот како политички, воен, економски и етички играч може да осигури безбедност (на луѓето) дома, наведе Пирц Мусар.

Таа додаде дека на почетокот на руската инвазија сите држави од Европа застанале на страната на Украина, но со текот на времето попушта единството, поради што Европа станува ранлива.

– На симболично ниво, организаторите на самитот во Париз му докажуваат на светот дека и во Европа земјите не се третираат подеднакво. Ова не е во духот на процесот на европска интеграција. Тоа не е Европа за која се залагаме. Тоа не е Европа што светот би ја почитувал. Ова не е Европа која би била респектабилен партнер на северноамериканскиот сојузник, посочи Пирц Мусар.

Нејзината изјава уследи откако претседателот на Франција, Емануел Макрон денеска ќе биде домаќин на состанок на европските лидери, на кој ќе се разговара за ситуацијата во Украина. На средбата во Париз ќе присуствуваат британскиот премиер Кир Стармер, германскиот канцелар Олаф Шолц, генералниот секретар на НАТО Марк Руте и претседателката на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лајен. Исто така ќе учествуваат и претставници од Италија, Полска, Шпанија, Холандија и Данска. Најавата за средбата уследи еден ден откако специјалниот пратеник на Трамп за Украина, Кит Келог, изјави дека Европа нема да има место на преговарачката маса.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Предлогот за разрешување на јавниот обвинител Коцевски денеска на седница на Влада

Следно

Од четврток утрински температури до -13 степени

Latest from Blog

Силен земјотрес го погоди Нов Зеланд

Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди Нов Зеланд, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Епицентарот на земјотресот бил на Северниот остров, на длабочина од 280 километри и

Берзански промет од 11,4 милиони денари, најголем интерес за Комерцијална банка

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 15.10.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.056,22 поени. Во однос

Коњановски: Руралната жена е силата на Пелагонија и чувар на традицијата

Улогата на жените во земјоделството, зачувувањето на традицијата и можностите за современо производство беа во фокусот на манифестацијата „Рурална жена – силата на Пелагонија“, на која денеска присуствуваше градоначалникот на Битола, Тони

Вчера донесе голема победа во Рим, а веќе денес се шпекулира дека ќе го напушти Реал Мадрид?!

Антонио Ридигер би можел да го напушти Реал Мадрид на крајот од сезоната, а како една од можните дестинации се споменува Тотенхем. Искусниот германски дефанзивец има договор со „кралскиот клуб“ до летото

Мицкоски: „Кромберг и Шуберт“ го проширува производството, очекуваме над 400 милиони евра извоз

Компанијата „Кромберг и Шуберт“ започнува нов инвестициски проект во Битола за производство на автомобилски компоненти за „Ауди“, со кој се планирани 2.000 нови работни места во следните четири години, соопшти премиерот Христијан
Go toTop