Раниери лут по мечот со Порто: Судијата едвај чекаше нешто да се случи, за да му ја подари победата на противникот

February 14, 2025
1 min read

Тренерот на Рома, Клаудио Раниери, беше видно лут по натпреварот на неговиот тим против Порто во баражот за Лигата на Европа.

Натпреварот на стадионот „Драгао“ заврши со резултат 1:1, а тренерот на римскиот клуб не го криеше незадоволството од завршената работа на судијата Тобајас Стилер. Според искусниот стручњак, судијата на секој начин се обидел да му помогне на Порто да победи.

Раниери изјави дека сакал да направи замена пред израмнувачкиот гол за домашните, но тоа не му било дозволено.

– Сигнализиравме дека ќе направиме промена. „Помошникот судија знаеше за нашите намери“, рече Раниери и продолжи: „Не разбирам како е можно првиот човек на Судискиот комитет на УЕФА, Роберто Розети, кој е крајно чесен и достоинствен човек, на овој меч да испрати судија кој секогаш ги поддржува домаќините. Од 21 натпревар под негово водство, гостинските екипи ремизираа девет, а сите останати натпревари ги добија домаќините. Зошто го добил овој натпревар? Навистина не ми е јасно. Се шеташе наоколу ветувајќи дека ќе даде картони на некои играчи, а ги вадеше на други. Според мене, едвај чекаше нешто да се случи во нашиот шеснаесетник, за да му ја подари победата на противникот. Тоа беше очигледно, изјави Италијанецот по мечот.

Рома мечот во Порто го заврши со играч помалку, бидејќи Брајан Кристанте беше исклучен поради втор жолт картон во 72. минута.

– Ги предупредив играчите да не се расправаат со судијата, бидејќи тој така постапува. Веројатно мисли дека добро ја заврши работата, но осум жолти картони и еден црвен картон за нас… Не ме сфаќајте погрешно, некои картони беа заслужени, но не можете да ги изнервирате играчите од самиот почеток. Мразам да гледам играчи како викаат и си ги држат лицата како да се удирани. Нека се користи и ВАР за казнување на оние што симулираат. Инаку, не знам како ќе играме фудбал. Некој добива тупаница во стомакот и почнува да вреска и да се држи за лице. Тоа веќе не е фудбал, заклучи Раниери.

Реваншот ќе се игра во Рим на 20 февруари.

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Перински: Градоначалниците подготвено го дочекаа вториот јавен повик за доделување финансиска помош за општините

Следно

Преку Бугарија транзитирани рекордни количества на руски гас

Latest from Blog

Шефот на УНРВА: Прекинот на огнот меѓу Иран и Израел би можел да го пренасочи вниманието кон тешката состојба во Газа

БЕРЛИН (АА) – Шефот на Агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА), Филип Лазарини, изрази надеж дека најавениот прекин на огнот меѓу Иран и Израел ќе трае и ќе овозможи меѓународната заедница

Македонско МНР: Евакуирани мајка и три деца од Тел Авив до Атина

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека вчера беше реализирана евакуација на четири македонски државјани, односно едно семејство (мајка и три деца), со лет од Тел Авив до Атина. Заклучно

Скопје стана главна рап вест за депониите како јавен срам

„Депонија со мандат“ е новата песна на Македонскиот кибер рапер КиберФлоу. Песна која сурово, саркастично и директно го обработува јавниот срам на главниот град, ѓубре по тротоари и политичката немарност поврзана со

Македонска делегација предводена од Сиљановска-Давкова на Самитот на НАТО во Хаг

Во Хаг денеска продолжува Самитот на НАТО на кој учествува и македонска државна делегација предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Во делегацијата се и министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски,
Go toTop