СИТЕ СМЕ ВО КРИЗА ПОРАДИ ТРАМП, РЕЧЕ АМЕРИКАНСКИОТ РЕЖИСЕР ХЕЈНС ПРЕД ПОЧЕТОКОТ НА БЕРЛИНАЛЕ

February 13, 2025
1 min read

Американскиот претседател Доналд Трамп и светската политика беа во фокусот на говорот на американскиот режисер Тод Хејнс, кој е претседател на годинашното жири на Берлинскиот филмски фестивал. Седумдест и петтото издание на Берлинале почнува вечерва, а на денешната прес-конференција Хејнс зборуваше за важноста на фестивалите како Берлинале, како и за Трамп и за претстојните избори во Германија.

Хејнс е автор на четирикратно номинираниот за Оскар „Далеку од рајот“ (2002), и на „Безбедно“, „Кадифен златен рудник“, фиктивниот биофилм за Боб Дилан, „Јас не сум таму“ и последниот „Мај, декември“.

Политичките теми не се изненадување, бидејќи Берлиналето се гордее со тоа што е политички фестивал, а со оглед на претстојните избори во Германија и  враќањето на Трамп во Белата куќа и како тоа може да влијае на културата во САД, на жирито му беа поставени поставени повеќе прашања за актуелната политичка клима.

„Во моментов сме во состојба на конкретна криза во САД, но и на глобално ниво. Сите што ги познавам во САД и пријателите во странство се сведоци на оваа низа акции во првите три недели од администрацијата на Трамп, со огромна загриженост и шок. Мислам дека тоа е дел од стратегијата – да се создаде чувство на дестабилизација и шок кај луѓето. Сè уште се работи на тоа како ќе продолжиме да ги спојуваме различните форми на отпор. Не се сомневам дека ќе има многу луѓе кои всушност гласаа за овој претседател, кои брзо ќе бидат разочарани од ветувањата што тој ги даде за економската стабилност во САД“, рече режисерот, сценарист и продуцент Хејнс.

Фестивалот отвора со филмот „Светлината“ на Том Тиквер, кој е надвор од конкуренција. Почесна Златна мечка ќе добие британската глумица Тилда Свинтон.

Деветнаесет филмови годинава се во конкуренција за престижната Златна мечка, меѓу кои новите филмови на Ричард Линклејтер „Сина месечина“, „Ледената кула“ на Лусил Хаџихалиловиќ, „Континентал ‘25“ на Раду Жуде и „Што ти кажува природата“ на Хонг Санг-су, добитник на Златна мечка во 2021.

Во главната програма се и „Ако имав нозе, ќе те клоцнев“ на Мери Бронстин, како и норвешкиот режисер Даг Јохан Хаугеруд со трилогијата „Соништата“ (Секс љубов) . Единствениот дебитански филм во главната програма е „Врело млеко“ на Ребека Ленкевиц од Велика Британија. Оваа година има само еден документарен филм во оваа програма, „Временски печат“ од украинската режисерка Катерина Горностај која освои  Кристална мечка во 2021.

ИЗВОР: sdk.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Македонската туристичка понуда на Саемот за туризам во Тирана

Следно

„Ќе има отпуштања и затворање на маркети“: Трговците се заканија, па добија средба во Владата

Latest from Blog

ОН: Бродовите веќе поминуваат низ Ормутскиот теснец по планот за евакуација на 11.000 поморци

„Бродовите веќе почнаа да минуваат според планот“, изјави портпарол на Меѓународната поморска организација на ОН (IMO), но одби да даде детали за бродовите што поминале низ теснецот. Најмалку два носачи на товар

Собранието не ја поддржа интерпелацијата за министерот Панче Тошковски

Собранието не ја изгласа интерпелацијата за работата на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, поднесена од Левица. По завршувањето на расправата, од вкупно 77 пратеници што гласаа, 58 беа против, а 19

Турците побараа да се повтори натпреварот против Парагвај – причината е комична!

Фото: https://www.tff.org/ По два натпревари, Турција, сосема изненадувачки, се збогува со Светското првенство. Неочекуваните порази од Австралија (2:0) и Парагвај (1:0) и покрај доминацијата, предизвикаа бунт во оваа земја и се бараат

Мелони повикува на нормализација на односите со САД по конфликтот со Трамп

„Немам намера да продолжам да го поттикнувам овој спор“, рече италијанската премиерка, која оцени дека не постои ризик од негативни последици врз односите меѓу Италија и САД и дека врските меѓу двете

Божиновска: Реформите остануваат во фокусот – продолжуваме со транспарентна и одговорна реализација

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска денеска учествуваше на состанокот на високо ниво со ДГ ЕНЕСТ и тимот на Инвестициска рамка за Западен Балкан (WBIF), како дел од мониторинг
Go toTop