„Ќе има отпуштања и затворање на маркети“: Трговците се заканија, па добија средба во Владата

February 13, 2025
1 min read

Цените на прехранбените производи нека се објавуваат на веб-страниците на маркетите како што предложи Владата, но нека се објавуваат реалните цени. Ова го велат граѓаните кои и понатаму се жалат на енормните поскапувања низ маркетите.

Владата на поплаките на граѓаните одговори со низа нови мерки што се разгледуваат – како ограничување на трговските маржи од 10% до 30 април, а на маса е и идејата за воведување „дополнителна кошничка“ со основни производи по пониски цени, како и објавување цени на веб-страниците на супермаркетите.

Претставници на Стопанската комора на трговци на големо и мало, претежно со прехранбени и непрехранбени производи, имале средба со владата. Добиле покана за средба откако се заканија дека ограничувањето на маржата на максимум 10% ќе донесе до затворање на маркети и отпуштање на вработени. На денешната средба немало никаков договор, ќе треба да се сретнат и утре.

Инаку, опозициската СДСМ предложи група од 7 мерки за кои смета дека ќе го подобрат животниот стандард на граѓаните. Меѓу мерките се намалување на ДДВ на сметките за струја и храната, замрзнување на придонесите во приватниот сектор и зголемување на платите, како и намалување на цената на зелените картони. Ова уследи по извештајот на Државниот пазарен инспекторат кој покажа дека маржата за основните прехранбени производи како леб, млеко и масло за јадење во супермаркетите е над 20%, а за основните непрехранбени производи е 30%. Поголеми маржи се констатирани кај увозниците-дистрибутери кои достигнуваат и до 50%. Податоците на Конфедерацијата на синдикати на Македонија покажуваат дека минималните основни трошоци во јануари се зголемени за 391 денар во однос на претходниот месец.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

СИТЕ СМЕ ВО КРИЗА ПОРАДИ ТРАМП, РЕЧЕ АМЕРИКАНСКИОТ РЕЖИСЕР ХЕЈНС ПРЕД ПОЧЕТОКОТ НА БЕРЛИНАЛЕ

Следно

Шефот на НАТО: Сојузниците се согласија да ја стават Украина во „најдобра можна позиција“ за идни преговори со Русија

Latest from Blog

Трибините „експлодираа“ кога Ѓоковиќ се појави во Арената во Белград (Видео)

Најголемиот спортист во историјата на Србија, тенисерот Новак Ѓоковиќ, е присутен на натпреварот од првото коло на Евролигата помеѓу Црвена ѕвезда и Жалгирис, кој се игра на „Белградска Арена“. Тој влезе во
Go toTop