Трамп: Разговарав со Путин преговорите за Украина да почнат веднаш

February 13, 2025
1 min read

Претседателот на САД Доналд Трамп најави итен почеток на мировните преговори меѓу Москва и Киев. По долгиот и многу продуктивен телефонски разговор, како што напиша Трамп, со рускиот претседател Владимир Путин зборувале за Украина, Блискиот Исток и соработката во областа на вештачката интелигенција.

Клучната точка на разговорите било постигнувањето мировен договор за ставање крај на конфликтот во Украина, кој, според Трамп, веќе однел милиони животи. Трамп телефонски разговарал и со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Украинскиот претседател го опиша разговорот како „долг и значаен“, нагласувајќи ја подготвеноста на Украина да соработува.

„Украина сака мир повеќе од кој било. Ние дефинираме заеднички чекори со САД за да ја запреме руската агресија и да обезбедиме траен, стабилен мир.“ – Володимир Зеленски претседател на Украина.

Зеленски јасно стави до знаење дека Украина нема да се откаже од своите клучни цели, вклучувајќи го и враќањето на териториите изгубени од 2014 година. Заменик-претседател на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, изјави дека  разговорот меѓу Трамп и  Путин бил „исклучително важен“. Тој остро ја критикуваше администрацијата на Бајден за прекин на официјалните контакти, тврдејќи дека тоа го донело светот „на работ на апокалипсата“. Од Кремљ соопштуваат дека Путин изразил подготвеност да прими претставници на Белата куќа во Русија.

„Путин и Трамп се договорија да продолжат со личните контакти, вклучително и организирање на лична средба.“ – Кремљ.

Администрацијата на Трамп за прв пат јавно излезе со идеите за договорот за завршување на војната во Украина во неколку точки, Киев треба да се откаже од стремежите да стане членка на НАТО, а американски војници не треба да бидат дел од можни мировни сили. 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Собранието денеска не ги изгласа новите членови на АВМУ, бидејќи не се постигна двотретинско мнозинство

Следно

Во Хрватска апсења поради економски криминал и загадување на животната средина

Latest from Blog

Над 100 со повреди на мозокот и двајца загинати на „ролеркостер од пеколот“ (ВИДЕО)

„Сикс Флегс свесно се коцкале со животите на луѓето. Не треба да се дозволи да постои никакво вакво возење“, рече Кристофер Булон, адвокат што ги застапува оштетените страни во граѓански тужби, најавувајќи
Go toTop