Во Хрватска апсења поради економски криминал и загадување на животната средина

February 13, 2025
1 min read

Во пет хрватски градови денеска се спроведува полициска акција за апсење на осомничени за економски криминал и загадување на животната средина, јавува хрватскиот портал „Индекс“.

Акцијата се одвива по наредба на Службата за борба против корупцијата и организираниот криминал (УСКОК), а таргетира неколку лица осомничени за криминални активности поврзани со животната средина и финансиски злоупотреби.

Апсењата се извршуваат во Загреб, Карловац, Вараждин, Чаковец и Госпиќ, а по сослушувањето на осомничените, УСКОК ќе одлучи за понатамошните чекори.

Хрватското Министерство за внатрешни работи соопшти дека операцијата се реализира во координација со Европол.

Според „Индекс“, главен осомничен е Јосип Шинцек, кој организирал нелегален увоз на пластичен и медицински отпад од Италија и Словенија. Отпадот бил несоодветно складиран во Хрватска, при што предизвикал сериозни ризици за животната средина и здравјето на населението.

Групата е осомничена и за перење пари, фалсификување документи и затајување даноци. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Трамп: Разговарав со Путин преговорите за Украина да почнат веднаш

Следно

Македонската туристичка понуда на Саемот за туризам во Тирана

Latest from Blog

Трибините „експлодираа“ кога Ѓоковиќ се појави во Арената во Белград (Видео)

Најголемиот спортист во историјата на Србија, тенисерот Новак Ѓоковиќ, е присутен на натпреварот од првото коло на Евролигата помеѓу Црвена ѕвезда и Жалгирис, кој се игра на „Белградска Арена“. Тој влезе во
Go toTop