Сѐ уште нема договор кој ќе управува со Скопската тврдина Кале

February 12, 2025
2 mins read

Постапката за ревалоризација на Скопската тврдина Кале, а со тоа и доделување надлежна установа која ќе го управува локалитетот и музеите останува со нерешен статус, се наведува во одговорот на Министерството за култура и туризам на прашањето на Рацин.мк до каде е утврдувањето на правниот статус и валоризацијата на тврдината како споменик на културата.

Од Министерството за култура и туризам истакнуваат дека во однос на правниот статус и на локалитетот и на самите музеи, состојбата е слична како и физичката запуштеност, што значи постапка во тек без завршница.

Управата за заштита на културното наследство во октомври 2024 година формираше Работна група за вршење увид на споменикот на културта Скопската тврдина Кале во Скопје. Предмет на опсервација беа веќе изградените Музеј на праисторијата и Музеј на османлискиот период, нивната непосредна околина (партерно уредување), како и правното постоење и на музеите и на самиот локалитет.

Работната група утврди целосна запуштеност на објектите и непосредната околина. Музеите иако во 2015/2016 речиси беа целосно спремни за отворање кон посетителите, во изминатиов 7-8 годишен период не само што не профунционирале, туку биле оставени сами на себе, без никаква институционална грижа.

Затоа, извдесуваат од Министерството за култура и туризам, работната група во ноември 2024 година ги донесе следниве заклучоци: 1) називот на посоченото недвижно културно наследство да биде „Скопска тврдина Кале“, 2) ревидирање, односно намалување на контактната зона, 3) измени во режимот на заштита на контактната зона и други мерки на заштита, 4) определување установа во чија надлежност ќе биде управувањето на доброто, односно Археолошкиот музеј на Република Северна Македонија и 5) решавање на правниот статус на изградените Музеј на праисторијата и Музеј на османлискиот период.

Заклучоците од Работната група во декември 2024 година беа усвоени на седница на Националниот совет за културно наследство и проследени до Управата за заштита на културното наследство за натамошно постапување. По заклучоците во најкус можен рок ќе постапи НУ Конзерваторски центар – Скопје, како надлежна уснанова за заштита на недвижното културно наследство за територијата на Град Скопје, но и како носител на Елаборатот за ревалоризација на на Скопското Кале.

Во меѓувреме тече процена на оштетувањата на Музејот на праисторијата и Музејот на османлискиот период настанати од нивната целосната запуштеност во изминативе 7-8 години, обврска која спроведува Управата за заштита на културното наследство. Процената е во завршна фаза, по што ќе биде објавен тендер за нивна обнова и ставање во функција на јавноста.

Што се однесува до Шалтер-сала од споменичната целина Нова пошта – Скопје истата е прогласена за значајно културно наследство со дефиниран правен режим на заштита во 2021 година. Донесувањето на овој правен акт се заснова на архитектонските особености   на објектот  кој за жал сериозно настрада во пожарот во 2013 година. Оттогаш тој е ставен надвор од функција и е оставен на забот на времето.

Имајќи ги во предвид архитектонските специфики на Шалтер-сала, во одговорот на Министерството за култура и туризам се посочува дека тие промовираат и поддржуваат постапката за нејзина конзервација, санација, презентација, промоција и адаптација во Мултифункционален културен центар. За таа цел, во Буџетот за 2025 година се обезбедени финансиски средства за целосно препокривање, како примарна активност за непосредна заштита на градбата. Потоа следува изведбата на конзерваторските активности на ентериерот кои треба да бидат завршени до 2028 година.

Скопската тврдина Кале и Шалтер-сала од споменичната целина Нова пошта – Скопје, заедно со Универзална сала, се објектите кои се ставени како централни места во кои треба да се реализира дел од програмата од Скопје, Европска престолнина на културата 2028.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Муцунски во работна посета на Австралија

Следно

Нема шанси за минималец 500 евра во март?! – Трендафилов: Ако бидат безобразни, ќе бидеме побезобразни

Latest from Blog

Неделна финансиска слика: инвеститорите во режим на претпазливост

Последната недела донесе силни осцилации на глобалните и крипто пазари, бидејќи контрадикторните пораки на Федералните резерви на САД создадоа нов бран на неизвесност. ФЕД ги намали каматните стапки за 25 базични поени

Членките на ЕУ постигнаа прелиминарен договор за климатските цели за 2040 година

Според усогласениот компромисен став, останува првичната цел предложена од Европската комисија за намалување на емисиите на стакленички гасови до 2040 година за 90 отсто во однос на нивото од 1990-та, но на

Видео-Тузла: Во пожар во Дом за пензионери во Тузла 11 загинати и 35 повредени лица

Во пожарот што синоќа зафати дел од Домот за пензионери во Тузла смртно настрадаа 11 лица, а меѓу повредените има и припадници на спасувачките екипи, посочуваат прелиминарните информации од Управата на полицијата

Божиновска за еМагазин: Скопската декларација поставува конкретни чекори кон зелена и стабилна енергетска транзиција

Во современото живеење, отпорен енергетски систем не значи само повеќе производство, туку паметна комбинација од безбедност на снабдувањето, економска достапност и еколошка одржливост. Токму оваа зелена транзиција беше во фокусот на 14.
Go toTop