Грчките сеизмолози воздржани, но и изненадени од континуираните земјотреси во близина на Санторини

February 11, 2025
2 mins read

Ваква појава немаме видено досега, ништо не е нормално, вели директорот за истражувања од Геодинамичкиот институт Атанасиос Ганас за грчката државна телевизија ЕРТ, додека пак претседателот на Организацијата за антисеизмичко планирање и заштита Ефтимиос Лекас за порталот „Ајефимерида“ коментира дека „се движат низ непознати води“, во однос на континуираните земјотреси во морскиот дел меѓу островите Санторини и Аморгос, јави дописничката на МИА од Атина.

Сеизмичката активност започна на 26 јануари, а една седмица подоцна се интензивираше што доведе илјадници посетители, но и привремени жители на Санторини да го напуштат островот.

Од почетокот на месецов земјотресите се секојдневие на Санторини, а доста често во помали временски периоди има по неколку силни земјотреси, а досега беа регистрирани вкупно три земјотреси од 5 или над 5 степени.

Најсилниот беше синоќа со јачина од 5,3 степени, во неделата вечерта имаше еден од 5, а минатата среда од 5,2 степени.

Грчките сеизмолози генерално изразуваат изненадување, зачуденост, но и загриженост, со оглед на тоа што не можат со сигурност да кажат дали синоќешниот беше главниот земјотрес, но и поради тоа што сеизмичката активност е сѐ уште интензивна, а паралелно ја објаснуваат како „сеизмички рој“, односно земјотреси што се случуваат за многу краток временски период во одредено подрачје.

– Во оваа серија ништо не може да се смета за нормално. Многу нè загрижува затоа што никогаш порано не сме ја виделе оваа појава. Ова што се случува е динамична појава што ќе има варирања. Односно, може еден ден да биде релативно мирен и потоа да следи силен земјотрес, проследен со дополнителни земјотреси. Појавата еволуира, станува збор за серија што, според мене, се должи на движење на вулкански течности во средната кора на длабочина од 10 до 12 километри и тоа треба да дополнително да се развие додека не се смири, истакна за ЕРТ директорот за истражувања од Геодинамичкиот институт Атанасиос Ганас.

Во однос на епицентарот на земјотресите, објасни дека во изминатите два дена се префрлени на север, односно во близина на островот Аморгос и посочи дека „постои нестабилност во серијата, каква што досега немаме видено“ и затоа се резервирани во однос на тоа кога ќе заврши.

Претседателот на Организацијата за антисеизмичко планирање и заштита Ефтимиос Лекас за „Ајефимерида“ коментира дека станува збор за „феномен без преседан во светот, серија земјотреси каква што досега не сме виделе“.

– Генерално, одиме во непознати води. Имаме формулирано мислења кои се многу веројатни, како што е она за сеизмички рој, но сите можности се отворени и ништо не можеме категорично да исклучиме. Одиме ден за ден, час по час, објасни професорот Лекас и додаде дека многу од параметрите на природниот феномен сè уште остануваат непознати.

Според податоците од Интердисциплинарен комитет за управување со опасности и кризи при Атинскиот Универзитет од почетокот на серијата земјотреси во морскиот дел меѓу Санторини и Аморгос, односно од 26 јануари заклучно со 8 февруари, биле регистрирани над 12.800 земјотреси.

За попладнево е закажан нов состанок на Комисијата за процена на сеизмичката опасност и на Комисијата за следење на вулкански активности при Министерството за климатски кризи и цивилна заштита на Грција за да се оцени ситуацијата.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

СДСМ на 16 март пак ќе бира лидер, утре централен одбор за старт на подготовките

Следно

Кај нас досега не се применуваше правична и соодветна, туку само пропорционална застапеност, смета Сиљановска-Давкова

Latest from Blog

Ангелов: Ноќеска повторно гореше и во „Дрисла“, состојбата сега е стабилна

Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов изјави дека околу 2:30 часот по полноќ добиле дојава дека повторно има горење на депонијата „Дрисла“ и веднаш се упатил таму. -Се гледаа одредени пламени јазици, но

Тудор после Интер: Беше лудо, не знам дали ја заслуживме победата!

Во италијанското дерби полно со пресврти, Јувентус го победи Интер со 4:3 пред своите навивачи. Победничкиот гол беше постигнат во судиското продолжение. Тренерот на Стара дама, Игор Тудор, призна по натпреварот дека

Трипуновски: Секој кој има штета ќе биде обештетен

Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски присуствуваше на прес-конференција на Управувачкиот комитет за справување со кризи кој во проширен состав заседаваше во МВР. Во регионот каде што е пожарот во

Џон Малкович за аферата со убавата Мишел Фајфер: Кога ќе ја преминете границата, нема враќање

 Двајцата биле во брак во тоа време, а нивната романса од снимањето се прелеала и во реалниот живот. Во историската романса од 1988 година, режирана од Стивен Фрирс, Малкович и Фајфер ги
Go toTop