Кај нас досега не се применуваше правична и соодветна, туку само пропорционална застапеност, смета Сиљановска-Давкова

February 11, 2025
1 min read

Тоа што тие го покренуваат како прашање, не е надлежност на началникот на Генералштабот, туку на министерот за одбрана, рече денеска претседателката Гордана Сиљановска-Давкова за реакциите од ДУИ дека има исклучување на Албанци од раководни позиции во одбраната.

-Јас од љубопитност прашав, одговорот беше дека се работи за истите органи, истите луѓе, само што во реформите имаат преименување. И јас го слушнав тоа, мислам дека треба да се провери и мислам дека да, треба да се води сметка за правичната и соодветната застапеност. Но, потенцирам дека ние еднаш мора да се договориме што всушност значи правична и соодветна застапеност, нагласи Сиљановска-Давкова, одговорајќи на новинарско прашање по настанот „Глобален женски појадок 2025“. Сиљановска-Давкова укажа на важноста од вработување стручни, а не партиски кадри.

Според неа, кај нас досега не се применуваше институтот правична и соодветна застапеност, туку само т.н. институт пропорционална застапеност.

-Одговорно тврдам дека кај нас досега не се применуваше институтот правична и соодветна, туку само т.н. институт пропорционална застапеност. Колкав е процентот на учество во населението, толкав треба да биде во сите институции, тоа е пропорционално, но не е правично. Правично значи, прво стручност и компетентност, па потоа пропорционалност, односно правична и соодветна би значело ако на конкурсот конкурираат луѓе со исти стручни квалитети, предност ќе има позастапениот. Така велеше судската практика, зашто сега е целосно отстранета и во САД, но и во други држави. Секаде ваквите институти како афирмативна акција или позитивна дискриминација, се привремени механизми што ќе овозможат рамноправност на шансата на луѓето во конкурирањето за која било работна функција или ангажман. Во спротивно, ако има само пропорционалност и ако е тоа просто пресликување на реалното учество на населението, постои голема опасност од целосна партизација и политизација. Впрочем, скринингот тоа го откри и ова што се заговара денеска не е политика на новата Владата, туку е препорака од Годишниот извештај како резултат на скринигпот – дека нашите институции се окупирани од луѓе што не можат да се пофалат со стручност и компетентност ама се партиски и политички избор. Таквата држава не може да напредува. Мора да сториме се за да ги сочуваме најдобрите и најкомпетитивните, да останат дома, а не да бегаат надвор. Затоа нашите најумни цветаат надвор, а овде венеат, подвлече претседталката.

ИЗВОР: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Грчките сеизмолози воздржани, но и изненадени од континуираните земјотреси во близина на Санторини

Следно

Тетоважите и пирсингот на исто ниво како филерот и ботоксот – Иницијатива за законски измени за доброто на пациентите

Latest from Blog

ОН: Бродовите веќе поминуваат низ Ормутскиот теснец по планот за евакуација на 11.000 поморци

„Бродовите веќе почнаа да минуваат според планот“, изјави портпарол на Меѓународната поморска организација на ОН (IMO), но одби да даде детали за бродовите што поминале низ теснецот. Најмалку два носачи на товар

Собранието не ја поддржа интерпелацијата за министерот Панче Тошковски

Собранието не ја изгласа интерпелацијата за работата на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, поднесена од Левица. По завршувањето на расправата, од вкупно 77 пратеници што гласаа, 58 беа против, а 19

Турците побараа да се повтори натпреварот против Парагвај – причината е комична!

Фото: https://www.tff.org/ По два натпревари, Турција, сосема изненадувачки, се збогува со Светското првенство. Неочекуваните порази од Австралија (2:0) и Парагвај (1:0) и покрај доминацијата, предизвикаа бунт во оваа земја и се бараат

Мелони повикува на нормализација на односите со САД по конфликтот со Трамп

„Немам намера да продолжам да го поттикнувам овој спор“, рече италијанската премиерка, која оцени дека не постои ризик од негативни последици врз односите меѓу Италија и САД и дека врските меѓу двете
Go toTop