Граѓаните на БиХ денеска и утре ги бојкотираат продавниците

February 7, 2025
1 min read

Во Босна и Херцеговина денеска почнува дводневен бојкот на продавниците, инициран од неформална група граѓани.

Групата повика на бојкот преку социјалните мрежи како одговор на постојаниот раст на цените на основните прехранбени производи, и покрај најавите од владите на двата автономни региони за мерки за нивно ограничување.

Бојкотот не се однесува само на супермаркетите, туку и на бензинските пумпи и угостителските објекти.

Владата на Федерацијата Босна и Херцеговина најави дека ќе донесе одлука за „замрзнување на цените“ на вкупно 50 производи, додека владата на Република Српска најави зголемени инспекции и санкции за трговците на мало за неоправдано поскапување.

Федералниот министер за трговија Амир Хасичевиќ во вторникот изјави дека владата на Федерацијата на Босна и Херцеговина планира да ги намали цените и да ги задржи пониски за најмалку 50 основни прехранбени производи, во обид да ги намали вкупните трошоци за живот на граѓаните.

Минатиот петок граѓаните на БиХ одржаа иста акција.

Извор: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Песков: Русија и САД не започнале разговори за средбата Путин-Трамп

Следно

Дефокус: Село гори, а ОЈО се чешла и занимава со фасади од Скопје 2014-та

Latest from Blog

Шолц: Санкциите на Трамп за Меѓународниот кривичен суд се погрешна одлука

Германскиот канцелар Олаф Шолц ја оцени денеска како „погрешна“ одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да воведе санкции против Меѓународниот кривичен суд (МКС). „Санкциите (кон МКС) се погрешна алатка. Тие ја загрозуваат институцијата

Пратеничките групи на партиите од власта поднесоа интерпелација за работата на членовите на Судскиот совет избрани од Собранието

 Пратеничките групи на партиите од власта ВМРО-ДПМНЕ, Влен и ЗНАМ денеска до законодавниот дом поднесоа интерпелација за работата на членовите на Судскиот совет кои се бираат од страна на Собранието.  Пбараа поддршка

Панама ќе се повлече од кинеската Иницијатива „Појас и пат“

БОГОТА/ИСТАНБУЛ/АНКАРА (АА) – Панама официјално го објави своето повлекување од кинеската Иницијатива „Појас и пат“, потврди панамскиот претседател Хозе Раул Мулино за време на неделната прес-конференција, јавува Анадолу. Мулино во четвртокот рече

Николоски: Ќе продолжиме да градиме социјални згради низ градовите, приоритет е намалување на цената на становите

Драго ми е што семејствата во оваа социјална зграда ќе најдат топол дом и ќе градат пристојна иднина, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска во Велес на доделување на

Мицкоски: Реконструкцијата на студентските домови „Кузман Јосифовски-Питу“ и „Стив Наумов“ ќе заврши до 2026 година

Премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарското прашање во врска со текот на реконструкцијата на студентските домови во Скопје, кои имаат значаен придонес за подобрување на студентскиот стандард, информираше дека во тек е
Go toTop