Николоски: Ќе продолжиме да градиме социјални згради низ градовите, приоритет е намалување на цената на становите

February 7, 2025
1 min read

Драго ми е што семејствата во оваа социјална зграда ќе најдат топол дом и ќе градат пристојна иднина, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска во Велес на доделување на социјалните станови.

Вкупно 29 семејства ги добија клучевите во социјалната зграда во Велес. На доделувањето присуствуваа и претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, директорот на АД за станбен и деловен простор Марјан Стефановски, градоначалникот Марко Колев, пратеници.

Вицепремиерот Николоски истакна дека покрај изградбата на социјалните станови, приоритет е изградба и на комерцијални згради се со цел да се интервенира на пазарот на недвижности и да се намали цената на станбениот квадрат.

“Се сеќавате дека бевме тука и во моментите кога се грaдеше оваа зграда. Драго ми е што е завршена и драго ми е што семејствата кои што денеска ги сртенавме ќе можат да градат една попристојна иднина и да можат да најдат топол дом. Како што спомнавме ќе продолжиме и во следниот период да работиме на изградба на слични вакви објекти и во останатите градови за да помогнеме на што повеќе семејства колку што можеме, а исто така преку изградба на комерцијални згради ќе се обидеме да интевревнираме во цената на квадратот која што за жал достигнува во одрeдени градови и огромни суми кои што мораат да одат надолу. Така што во следниот период ќе не има многу со вакви и слични проекти кои што доаѓаат”- изјави вицепремиерот Николоски

Зградата во Велес брои 29 станбени единици и 29 подрумски простории. Становите се изградени по програмата на Владата за изградба на згради за социјално ранливи категории граѓани.

Директорот на АД за станбен и деловен простор истакна дека веќе следната недела ќе се распише јавниот оглас за продажба на становите од комерцијалната зграда во Битола што ја гради ова акционерско друштво. Како што најави вицепремиерот Николоски, цената ќе биде илјада евра за метар квадаратен за станови и две илјади евра за метар квадратен за деловни простории.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски: Реконструкцијата на студентските домови „Кузман Јосифовски-Питу“ и „Стив Наумов“ ќе заврши до 2026 година

Следно

Панама ќе се повлече од кинеската Иницијатива „Појас и пат“

Latest from Blog

Ѓоковиќ во финале, Медведев дисквалификуван откако збесна и удри навивач со топче во глава (Видео)

Новак Ѓоковиќ ја оствари својата 33-та победа во Пекинг! Тој триумфираше над Данил Медведев, кој беше дисквалификуван! Ноле победи по маратонски меч – при резултат 7-5, 5-3, 15-15 – и со тоа

ПРЕСВРТ ВО ВОЈНАТА – Јемен ја презема контролата кај Баб ел-Мандеб

Воените сили на меѓународно признатата јеменска влада тврдат дека ја презеле контролата врз стратешката област кај морскиот премин Баб ел-Мандеб од Хутите како дел од новата воена операција наречена „Јеменска зора“. Воениот

Швајцарците се жалат и за тревникот на стадионот во Луцерн, исто како и за Националната арена во Скопје

Швајцарија ја совлада Словенија со 2-1 и стигна до три победи во Лигата на нации, но триумфот на домашен терен донесе и сериозна главоболка пред следниот натпревар. Теренот во Луцерн, според информациите
Go toTop