Турското разузнавање неутрализира висок терорист на ПКК во Ирак

February 7, 2025
1 min read

АНКАРА/ИСТАНБУЛ (АА) – Турската Национална разузнавачка агенција го неутрализира Мурат Келеш, висок припадник на терористичката ПКК/КЏК, во операција во Северен Ирак, соопштија денес турски безбедносни извори, јавува Анадолу.

Терористот, кој се криел подолг период, е неутрализиран во операција спроведена од турските сили во регионот Хакурк.

Келеш, познат по кодното име Берхудан Харун, се поврзува со ракетниот напад извршен во 2016 година, чија цел беше оклопно возило на Турските безбедносни сили во подрачјето на Силопи во југоисточната турска област Ширнак.

Преку својата мрежа турското разузнавање го следеше терористот, кој беше вклучен во организирањето трансфер на експлозив во западните области за потенцијални напади во метрополите.

Баран од Туркије за дела поврзани со тероризам, откриено е дека Келеш има висока улога во терористичката организација ПКК/КЏК во Северен Ирак.

Терористите на ПКК често се кријат во Северен Ирак за да планираат прекугранични напади во Туркије.

Во својата 40-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, која е ставена на листата на терористички организации од страна на Туркије, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на над 40.000 луѓе, меѓу кои и деца, жени и постари лица.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Нетанјаху: Палестинците да основаат своја држава во Саудиска Арабија

Следно

Песков: Русија и САД не започнале разговори за средбата Путин-Трамп

Latest from Blog

ДЕБИТО НА АПЧЕВСКА „ПРОЛЕТНО ЧИСТЕЊЕ“ ПОДДРЖАНО СО 210.000 ЕВРА ОД ЕУРИМАЖ

„Пролетно чистење“, дебитантскиот игран филм на Марија Апчевска, е поддржан со 210.000 евра од паневропскиот филмски фонд Еуримаж. Филмот на Апчевска е меѓу 35 меѓународни копродукции, од кои пет документарци и две

„РЕДИ Рециклажа“ расчисти над 40 тони отпад од Клиниката за детски болести

На Клиниката за детски болести во Скопје заврши темелна акција за отстранување на повеќе од 40 тони стар мебел, електронска опрема и медицински инвентар. Чистењето првпат беше изведено во партнерство со социјалното

Божиновска: Не сме се откажале од проектот Вардарска долина

Не сме се откажале од ништо што е бенефит за Македонија, рече денеска министерката енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, на новинарско прашање дали Владата се откажала од проектот Вардарска долина

Лион ќе се жали поради испаѓањето во Лига 2

Олимпик Лион објави доцна во вторникот дека „веднаш ќе се жали“ на одлуката на францускиот фудбалски финансиски регулатор ДНЦГ да ги исфрли во Лига 2, објавија француските медиуми. -Ќе се жалиме за
Go toTop