Поранешниот министер за безбедност на БиХ претепан од маскирани напаѓачи

February 6, 2025
1 min read

Поранешниот министер за безбедност на Босна и Херцеговина, Драган Мектиќ, бил нападнат и претепан од непознати напаѓачи пред неговата куќа во градот Прњавор, соопшти Мектиќ.

Нападот се случил синоќа околу 21 часот и случајот е пријавен во полиција која трага по сторителите. Истражниот судија нападот го оквалификува како кривично дело телесна повреда.

Мектиќ за порталот Кликс изјави дека напаѓачите биле маскирани и го пресретнале на влезот од зградата во која живее.

Мектиќ, вели, се враќал од вечера со семејството. Тој нагласува дека нема апсолутно никакви проблеми со никого, ниту пак добивал закани.

– Забележав возило како ми се „лепи“, а потоа ме претекнува на остра кривина. Ми се виде малку чудно. Кога стигнав пред зградата и го паркирав автомобилот, се упатив кон влезот и ме сретнаа две маскирани лица со „фантомки“, објаснува Мектиќ.

Тој вели дека веднаш го нападнале и почнале да го удираат со тупаници по главата. Кога паднал на подот, продолжиле да го удираат.

Носев чанта и мислев дека сакаат да ме ограбат, но ништо не зедоа. По нападот побегнаа, додаде тој.

Полицијата сега извлекува снимки од надзорните камери од поширокото подрачје со цел да го идентификува напаѓачот.

Дежурниот обвинител нападот врз Мектиќ го оквалификува како кривично дело телесна повреда и нареди понатамошна истрага.

Извор: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Рама ги отфрли информациите дека Палестинци ќе се сместуваат во Албанија

Следно

Продолжува период на стабилно и суво време со студени утра, со услови за магла во котлините

Latest from Blog

Ердоган: Двата земјотреса во февруари 2023-та предизвикаа финансиска загуба за Туркије од 104 милијарди долари

АНКАРА (АА) – „Катастрофата на векот“ директно предизвика финансиска загуба на Туркије од 104 милијарди долари, изјави денес турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во врска со двата земјотреси кои на 6 февруари

РФМ: Темелковски не е починат

Ракометната федерација се огласи откако во јавноста се појави вест за смртта на Илија Темелковски. Од РФМ претходно изразија сочувство за неговата смрт, но сега се огласија со нова објава на социјалните

Грција прогласи вонредна состојба на Санторини

АТИНА (АА) – Грција денес воведе вонредна состојба на островот Санторини, кој од 1 февруари е жариште за сеизмички активности во јужниот дел на Егејското Море, пренесува Анадолу. Вонредната состојба ќе остане

НГИ ,,Коалиција на Египќани“: Египќаните во Македонија положуваат големи надежи во Мицкоски

Припадниците на посебната, автентична и автохтона заедница на Египќаните во Македонија, положуваат големи надежи во Премиерот Христијан Мицкоски, во насока на институционална интеграција и севкупна општествена интеграција на Египќаните. -Долги години од

Уличен форум „зошто нашите градови се небезбедни“ – во недела во 12 часот ќе се затвори раскрсницата пред Зоолошката градина

Од граѓанската иницијатива „Кој е следен“ денеска најавија уличен форум на тема „зошто нашите градови се небезбедни“. Како што велат, истиот е закажан за недела (09.02.2025) во 12:00 часот. „На Уличниот форум
Go toTop