Лалана ја заврши кариерата

June 25, 2025
1 min read

Поранешниот англиски фудбалски репрезентативец Адам Лалана објави денеска дека стави крај на кариерата, на 37-годишна возраст.

Лалана порача дека ја завршува кариерата со огромно чувство на гордост и благодарност, пред сè на неговиот матичен клуб.
„Саутемптон … местото каде што сè започна и соодветно, каде што сè завршува. Тоа е клубот на кој му должам сè“, рече Лалана.

Минатата сезона Лалана од Брајтон се врати во Саутемптон, каде што ја почна својата кариера, настапувајќи за клубот од 2006 до 2014 година.

Во 2014 година, Лалана се пресели во Ливерпул, со кого ги освои Премиер лигата и Лигата на шампиони.

„Горд сум на мојата кариера и не жалам за ништо. Ги прифаќам сите подеми и падови бидејќи тие ме обликуваа во тоа што сум. На сите што го направија ова патување толку посебно, на секој клуб и организација, тренерите, соиграчите и секако на навивачите – ви благодарам“, рече Лалана.  (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Аквариумот „Си лајф“ во Њу Џерси, една од најпопуларните атракции за туристите

Следно

Колева во 24 анализа: Македонската дипломатија потфрла, не видовме ништо конкретно

Latest from Blog

Катастрофа во Непал: Стотици загинати и исчезнати, меѓу кои околу 300 странски туристи (ВИДЕО)

Најмалку 95 лица загинаа, објави Би-Би-Си, додавајќи дека меѓу 384 исчезнати се 105 Индијци и 12 Британци, како и 111 лица чии националности сè уште не се потврдени. Ненадејните поплави во Непал
Go toTop