Судски совет да ги земе предвид аргументите за тесната поврзаност на судијката Алексовска Стојановска со СДС и да ја разреши од позицијата

February 6, 2025
1 min read

Деновите поминуваат, дилемите се редат, а СДС и Филипче глас не пуштаат. Со нивниот молк уште повеќе ја зголемуваат недовербата на граѓаните во правосудните институции и ги зголемуваат, но и потврдуваат, сомнежите дека СДС на власт целосно ги политизираше. СДС и Венко Филипче веќе не треба да се кријат, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-СДС и Венко Филипче треба да излезат и јавно да кажат дали и колку пари и плаќале на судијката која го ослободила од затвор возачот убиец? Или пак отстапениот деловен простор од семејната куќа на Даниела Алексовска Стојановска за општински штаб на СДС во Ранковце е донација од страна на судијката за партијата на Филипче? Согласно македонските закони, СДС можеле да го изнајмат деловниот простор од куќата во Ранковце, сопственост на судијката Алексовска Стојановска, за таму да смести партиски штаб и за тоа да платат кирија. Исто така, и судијката на СДС можела да и го отстапи деловниот простор од сопствената куќа без надомест, нешто што ќе потпадне под поимот донација, посочуваат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат: „Затоа СДС и Венко Филипче мора да кажат каков однос имала партијата со судијката која зад затвор, за трговија со дрога, го ослободила убиецот на младата Фросина“.

-Дали СДС и плаќале кирија на судијката, ако да колку и зошто ја избрале токму нејзината куќа? Или пак станува збор за подарок, односно донација за СДС од страна на судијката Алексовска Стојановска, во форма на отстапување на деловен простор од семејната куќа, без за тоа да бара паричен надомест? Каква и да е поврзаноста од можните опции меѓу СДС и судијката Даниела Алексовска Стојановска, едно е сигурно, таа врска е многу длабока и целосно ја компромитира судската власт која треба да биде една од трите независни власти. Исто така, овој случај на партиско судско тесно поврзување, дополнително ја намалува и така нарушената доверба на граѓаните во правосудните органи. Затоа, имајќи го во предвид сето ова, го повикуваме Судскиот совет да ги земе во предвид сите аргументи и Алексовска Стојановска да ја разреши од позицијата судија, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сончево со мала облачност, температурите до 12 степени!

Следно

Голем пожар избувна во станбена зграда во Њујорк

Latest from Blog

Проданоски: Детските насмевки се најголемата победа на велосипедската трка

Над 200 деца учествуваа на „Ептен мини детската велосипедска трка“, која денеска се одржа на булеварот „Гоце Делчев“ во Прилеп. Најмладите велосипедисти возеа со поддршка од родителите и најблиските, проследени со аплаузи

Општина Битола: Училиштата добиваат обновени терени, продолжува изградбата на спортските сали

Изградбата и реконструкцијата на 24 училишни спортски терени и четири типски спортски сали ја одбележуваат годинава во Битола, информираат од Општината. Дел од проектите се завршени, додека останатите се во фаза на

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30
Go toTop