Зголемен бројот на деца заболени од варичела во Куманово

February 5, 2025
1 min read

Зголемен е бројот на деца заболени од варичела или познати како овчи сипаници во Куманово, соопштија денеска здравствените институции, Центар за јавно здравје и Здравствен дом Куманово. Лекарите очекуваат бројот да расте. Најмногу заболуваат деца од две до осум години. Во јануари имало 24 заболени.

„Тоа не значи дека само толкав е бројот на регистрирани случаи, бидејќи оние коишто поминуваат со полесна клиничка слика, препознатлива е болеста, се лекуваат во домашни услови и не се пријавуваат од страна на матичните лекари“, изјави епидемиологот д-р Јадранка Стаменковска од Центар за јавно здравје Куманово.

Станува збор за капкова инфекција која се пренесува преку кашлање, кивање, говор и преку непосреден допир. Педијатрите ги пријавуваат заболените. Болеста се манифестира со појава на исип кој започнува од главата. Лекувањето најчесто е во домашни услови бидејќи, најчесто заболените деца поминуваат со лесна клиничка слика, но има и случаи со воспаление на белите дробови при намалена имунитет.

Во Куманово лани беа евидентирани вкупно 197 случаи, со што сипаниците беа на врвот на инфективни заболувања Најголем број заболени од варичела се евидентирани во 2022 година, тогаш Центарот за јавно здравје Куманово, регистрирал 388 случаи. Епидемиолозите појаснуваат дека периодот на инкубација на вирусот трае од десет до 23 дена, заболените пак се најзаразни дента пред појава на карактеристичниот исип.

„Значајно за нас е да не настане таа супер инфекција, да не се чешаат тие крустички, убаво да се дезинфицираат рацете, проветрена просторија, богата витаминска исхрана, доколку има температура, користење на симтоматска терапија, купки“, вели Стаменковска, за МИА.

Во земјава вакцината против варичела не е задолжителна и нема интерес кај родителите за оваа вакцина.

„Се смета дека дечињата во таа возраст подобро е да ја прележи варичелата меѓутоа ако некои имаат полесно загрозувачко здравје тие треба да примаат“, изјави д-р Валентина Богоевска Димитриевска од Здравствен дом Куманово. 

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Санторини повторно се тресе, регистриран досега најсилен земјотрес

Следно

Јакимовски за цената на становите: Треба да имаме постојано стабилизирање

Latest from Blog

Проданоски: Детските насмевки се најголемата победа на велосипедската трка

Над 200 деца учествуваа на „Ептен мини детската велосипедска трка“, која денеска се одржа на булеварот „Гоце Делчев“ во Прилеп. Најмладите велосипедисти возеа со поддршка од родителите и најблиските, проследени со аплаузи

Општина Битола: Училиштата добиваат обновени терени, продолжува изградбата на спортските сали

Изградбата и реконструкцијата на 24 училишни спортски терени и четири типски спортски сали ја одбележуваат годинава во Битола, информираат од Општината. Дел од проектите се завршени, додека останатите се во фаза на

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30
Go toTop