Ристески: Владата со зелено светло за утврдување на нова минимална плата

February 5, 2025
1 min read

Заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески во гостувањето на поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува’’, говореше за транспарентноста и чесното работење на Владата, во однос на договорот за минимална плата, каде што е оставена на работниците и работодавачите да се договорат околу износот на истата.

„Се даде можност на двете спротивставени страни, а тоа се Организацијата на работодавачите во Македонија и синдикатите да седнат и да се договорат и она што ќе го договорат оваа Влада на чело со ВМРО-ДПМНЕ ќе го прифати. Тоа јасно и гласно го кажа премиерот Христијан Мицкоски’’, истакна Ристески.

Ристески го оправдува револтот на граѓаните околу цените во маркетите и ги повикува маркетите да се вразумат околу цените, за да нема потреба од ургенции на Владата.

„Треба да се вразумат, имаат период да се вразумат и доколку ги симнат цените на едно нормално ниво, ние не велиме да немаат профит маркетите, кој би работел без профит, ние треба да внимаваме и на таа страна, значи производители, добавувачи, маркетите, не треба да работат со загуби, како што било во претходната власт, нормално тие вработуваат луѓе, влијаат на економскиот раст, меѓутоа да имаат едно стабилно ниво на цени кое што одговара на економските прилики и состојби и во Македонија и во регионот“, појасни Ристески.

Околу Законот за нефер трговски практики, заменик министерот за економија и труд нагласи за тоа дека Законот што го спроведувале, не бил докомплетиран поради тоа што немало формирање на Комисија за заштита на конкуренцијата.

„Сега е се комплетирано, излезени се луѓето на терен и КЗК треба комплетно да ги проверува овие договори и доколку постојат нефер трговски практики да ги казнува. Казните се големи до 20 илјади евра, се надевам дека во текот на овој месец, доколку се утврдат вакви неправилности, ќе ги слушнеме и првите казни за маркетите или добавувачите“, потенцираше тој.

Ристески на крајот напомена и за унгарскиот кредит, кој според него, е еден од најповолните кредити до сега, со кој ќе се вбризга финансиски средства во бизнисите и општините.

„Владата зеде еден од најповолните кредити со 3,25% каматна стапка што навистина е во оваа пазарна економија и можност на пазарот за кредитирање на една држава е еден од најниските проценти на каматна стапка. Исто така, условот за да користат кредити е уште пониска каматна стапка 1,95% што досега не се случило во Република Македонија на корисниците. Тие ќе имаат можност 20% учество со свои финансии остатокот ќе биде од кредит обезбеден од комерцијалните банки преку развојната банка на Република Македонија, што навистина сето тоа е подготвено и спремно. Јас ги повикувам сите претпријатија и бизнис секторот, сите правни субјекти во Македонија да го искористат проектот“, заклучи Ристески.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Уставен утврди: Еролд Муслиу не бил дискримиран при разрешувањето од директор на Агенцијата за разузнавање

Следно

Рубио тврди дека Трамп понудил многу дарежлива помош за обновата на Газа

Latest from Blog

Карл Билд: Сè укажува дека Доналд Трамп ќе ја нападне Венецуела

Поранешниот шведски министер за надворешни работи, Карл Билд, денес изјави дека очекува напади од САД врз Венецуела. „Сè укажува дека американскиот претседател Доналд Трамп ќе изврши напади во Венецуела. Тој ја овласти

Администрацијата на Трамп планира мисија во Мексико против нарко-картелите

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп почна детално да планира нова мисија во која американски војници и разузнавачи би биле испратени во Мексико за борба против нарко-картелите, потврдија двајца американски функционери и

Со воведување на овој вид вежбање, можете да ја подобрите циркулацијата и здравјето на срцето

Според експертите, претходно се верувало дека клучот за здравјето лежи во вечерната прошетка како идеална рутина, но честите движења како што се чучњевите сè уште се сметаат за посоодветни. Неврологот д-р Судир

Ова се новите пратеници во македонското собрание

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов се кандидатите за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои беа избрани за градоначалници на локалните избори, заклучи Државната изборна комисија
Go toTop