Трендафилов: Ако престанеме да ја пресметуваме синдикалната кошничка, дали ќе живееме подобро?

February 5, 2025
1 min read

Минималната синдикална кошничка повторно е мета на критики, но според претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, тоа е директен напад врз платите на работниците.

По забелешките на премиерот Христијан Мицкоски дека во пресметката на месечната кошничка има нелогичности, како 10 грама цреши во зимските месеци, Трендафилов појаснува дека сезонското овошје се зема предвид во периодот кога најмногу се купува, а цигарите воопшто не се пресметуваат.

„Количината во кошничката не значи дека некој секој месец купува килограми цреши. Тоа е годишен просек, во сезона кога тие реално се продаваат. Веројатно премиерот и министрите добиваат многу лоши совети од експерти кои не ја разбираат методологијата,“ вели Трендафилов.

Тој посочува дека укинувањето на кошничката нема да го подобри животниот стандард на граѓаните.

„Ако престанеме да ја пресметуваме, дали ќе живееме подобро? Не,“ додава Трендафилов.

Премиерот Мицкоски вчера изјави дека во јануари не пробал цреши, дињи, лубеници, грозје или праски и дека методологијата треба да се преиспита.

Во синдикалната минимална кошничка има 63 производи, додека онаа на Државниот завод за статистика, која се објавува еднаш годишно, содржи 210. Двете вклучуваат сезонски производи.

Владата и бизнис-заедницата сега бараат во пресметката да учествуваат повеќе институции, вклучувајќи ги Министерството за економија, Министерството за финансии, Државниот завод за статистика и Организацијата на потрошувачи. Дел од експертите, пак, сметаат дека за тоа треба да се грижат исклучиво синдикатите и статистичарите.

Во меѓувреме, граѓаните, револтирани од високите цени, продолжуваат со бојкотот на маркетите. По драстично намалениот промет од 50 отсто, за петок е најавен нов бран на потрошувачки отпор.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Уставен го поништи Законот за солидарен данок донесен од СДСМ и ДУИ, на компаниите ќе им се вратат 49,2 милиони евра

Следно

Балетското ремек дело „Есмералда“ премиерно на сцената на Националната опера и балет

Latest from Blog

Германија е домаќин на преговори за прекин на огнот во Украина

Германија стана центар на дипломатските напори за постигнување прекин на огнот во Украина овој викенд, домаќин на американски и украински делегации за клучни разговори. Овие разговори претходат на самитот што ќе се

Катица Јанева излезе од „Идризово“, доби условен отпуст

Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева од понеделникот е на условен отпуст и го напушти затворот „Идризово“, откако издржуваше дел од седумгодишната затворска казна изречена во предметот „Рекет“, објави СДК. Како што

ЗК Пелагонија со „АгроЕкоСтаница“ ги отвора вратите за зелени вештини и паметно земјоделство

Центарот за обука на ЗК Пелагонија отвори уникатна можност за идните, но и за постоечките земјоделци, ученици и студенти да учат од реални примери, да предвидуваат ризици, да применуваат современи технологии и

Евровизија пропаѓа: Уште еден победник го враќа трофејот поради учеството на Израел (ВИДЕО)

Откако победникот на Евровизија 2024, Немо, јавно објави дека го враќа својот победнички трофеј на Европската радиодифузна унија (ЕБУ), друг победник на Евровизија одлучи да го стори истото. Тоа е ирскиот пејач
Go toTop