Турскиот министер Сојлу: Бројот на загинати во земјотресите се зголеми на 43.556

February 23, 2023
1 min read

ХАТАЈ (АА) – Бројот на загинати во силните земјотреси кои на 6 февруари ја погодија јужна Туркије се искачи на 43.556, изјави турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу, пренесува Анадолу.

Сојлу говореше вечерва во живо за ТРТ Хабер од Хатај, една од 11-те турски области кои беа погодени од земјотресите.

Турскиот министер Сојулу рече дека Туркије се соочила со еден од најразорните земјотреси во светот.

„Во изминатите две и пол и три години претрпевме многу големи катастрофи, од поплави и пожари до земјотреси. Првите вести што ги примивме веднаш беа знак дека се работи за голема катастрофа“, рече Сојлу и порача дека Република Туркије и нејзиниот народ ќе ја надминат и оваа катастрофа.

Над 7.250 последователни потреси се регистрирани во јужна Туркије во изминатите 17 дена.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган претходно најави дека земјата ќе изгради околу 200.000 станбени единици кои се урнати во неодамнешните земјотреси во рок од една година, и дека сите погодени од земјотресите ќе бидат згрижени.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Кулеба за кинескиот мировен план: Ѓаволот е во деталите

Следно

Чави: Сакаме да покажеме дека Барселона може со секого

Latest from Blog

Онана во првиот меч за Трабзон имаше 7 одбрани и доби највисока оценка

фото: DİAS (X) Довчерашниот голман на Манчестер Јунајтед, Камерунецот Андре Онана имаше одлично деби на голот на Трабзонспор. Иако неговиот тим загуби на гостувањето кај Фенербахче со 1:0, Онана блескаше на голот

Аморим: Не ми е јасно како ги примаме овие голови

фото: Printscreen Менаџерот на Манчестер Ј., Рубен Аморим изјави дека е незадоволен од дефанзивната игра на неговиот тим на денешното дерби со Манчестер Сити. „Ако ги погледнете головите, можевме да ги избегнеме.

Мицкоски со порака: Ние ќе продолжиме да работиме, да се бориме и на крај ќе победиме

Премиерот Христијан Мицкоски објави видео од настанатите пожари кои избувнаа викендов. Воедно Мицкоски упати порака: „Она што се случуваше летото и со кое успешно се справивме, ќе продолжи, затоа што некој има

Фото: Супер провокативно издание на Марго Роби, гол грб и проѕирен фустан

Добитничката на Оскар, убавата актерка Марго Роби на промоцијата блесна во проѕирен фустан од колекцијата„ Armani Prive“ пролет 2025. Ова е едно од нејзините први јавни појавувања откако стана мајка минатата есен,
Go toTop