Продолжи судењето за убиството на Вања и Панче, Обвинителството презентира докази од видео материјали

February 3, 2025
2 mins read

Со изведување на видео материјали од безбедносни камери, предложени како докази од Обвинителството денеска во Основниот кривичен суд Скопје продолжи судењето за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

На видео записи обезбедени од безбедносните камери на Хотел Парк, се гледа како возилата Цитроен и Рено Кангу влегуваат во Дебар Маало, на улицата Наум Наумовски Борче, од каде е извршено грабнувањето на девојчето на 27 ноември 2023 година.

Јавната обвинителка Ана Стојковиќ Димитровска, презентирајќи ги доказите посочи дека на видео материјалите се гледа како во 6:37  во реално време Цитроенот минува на улицата пред хотелот, подзастанува и продолжува кон зградата на Вања.

Пред изведување на видео запис од камера на козметичко студио Интеа форма, на улица Наум Наумовски Борче во непосредна близина на зградата од каде е грабнато девојчето, Обвинителката, нагласи дека станува збор за доказ, што повеќе сведоци во постапката кажале дека го испраќа обвинетиот Александар Ѓорчевски на началникот Дејан Димовски, а со наводи дека нешто му е чудно.

– Во реално време 7:29 се гледа како поминува возилото Цитроен. Ова е всушност времето кога е извршено грабнувањето. Би сакала да ја погледнеме снимката една минута пед да помине Цитроенот со цел да се утврди колку возила поминуваат на улицата во тоа време од денот. Понови, постари и без да чадат… во време од само една минута може да се забележи дека минуваат десетина возила пред да помине Цитроенот. Од она што обвинителството го анализираше во време од 4 минути пред да помине Цитроенот минуваат 26 возила, додека откако ќе помине на снимката се гледа како на секои 30 секунди минува возило, изјави обвинителката.

На видео од менувачница на улицата Наум Наумовски Борче, се гледа како возилото Цитроен во 7:30 се движи кон Партизанска.

Судијата го предупреди Палевски да не коментира и го нарушува редот во судницата, во спротивно ќе биде казнет.

Првообвинетиот за случајот, Љупчо Палевски Палчо, на почетокот на минатото рочиште, побара изземање на јавната обвинителка Жаклина Крстевска и целото ОЈО Скопје во случајот поради несоодветно спроведена истрага.

Судијата Ивица Стефановски, кој го води случајот на почетокот на денешното рочиште рече дека решението е писмено доставено до Палевски, по што се продолжи со изведување на доказите.

Палевски, изнесувајќи го предлогот, пред судот рече дека, прашања на кои обвинителка мора да одговори, се каде е пиштолот сопственост на еден од обвинетите, зошто 421 ден ЈО не го расчистија овој факт и зошто чаурата не ја приложила како доказ.

Неколку членови на политичката партија Десна, пред почетокот на денешното рочиште пред Судот протестираа со транспаренти „ОЈО произведува монструми, не ПП Десна”.

На првото одржано рочиште обвинетите Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски се произнесоа дека не се чувствуваат виновни.

Според обвинението, тие заедно испланирале грабнување на 14-годишното девојче со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. Додека, грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес било со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Магична полумесечина го украси небото над Истанбул

Следно

Украински дронови предизвикаа пожари во руски рафинерии и гасни постројки

Latest from Blog

Претседателот на КОНМЕБОЛ тврди: СП во 2030 ќе биде со 64 репрезентации!

фото: FIFA World Cup Stats (X) Претседателот на Јужноамериканската фудбалска конфедерација (КОНМЕБОЛ), Алехандро Домингез, изјави дека Светското првенство во 2030 година сигурно ќе се одржи со учество на 64 репрезентации. „Следниот турнир

ПРЕСВРТ И ПРОТЕСТИ ВО УКРАИНА, Зеленски доби ултиматум: „Мора да си оди, крајниот рок е петок!“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се соочи со продлабочување на кризата околу неговото воено лидерство во понеделникот откако популарниот поранешен министер за одбрана, Михајло Федоров, кого го разреши минатата недела, ја отфрли неговата

Гостиварци пиеле фекалии од чешма од 26 јуни до 16 јули – водата содржела 48 пати повеќе колиформни бактерии од дозволеното

Гостиварци пиеле вода од чешма загадена со фекалии 48 пати над дозволените граници, покажале резултатите од земените мостри од Институтот за јавно здравје, кои што вечерва ги сподели Основното јавно обвинителство. Пумпите

Паредес одиграл три натпревари со скршено ребро

фото: GOAL @goal (X) Аргентинскиот играч од средниот ред, Леандро Паредес, ги одиграл последните три натпревари на Светското првенство со скршено ребро. Како што објави новинарот Мартин Аревало, играчот играл со оваа

Нетанјаху наскоро пристигнува во Њујорк- градоначалникот има намера да го уапси

Се очекува Нетанјаху да го посети градот во септември за Генералното собрание на ОН, објави „Њујорк тајмс“. „На Нетанјаху му е местото во Хаг“ Мамдани даде слични коментари во саботната епизода од
Go toTop