Украински дронови предизвикаа пожари во руски рафинерии и гасни постројки

February 3, 2025
1 min read

Украина утринава нападна енергетски објекти во јужна Русија со десетици дронови, предизвикувајќи пожари во голема рафинерија и постројка за преработка на гас, како и нарушување на воздушниот сообраќај, јавија официјални руски и украински извори.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека противвоздушните сили пресретнале и уништиле 70 украински дронови во текот на ноќта, од кои 25 над Волгоградската област, 27 над Ростовската и седум над Астраханската област.

Гувернерот на Волгоградската област, Андреј Бочаров, изјави дека паднати остатоци од дронови предизвикале пожар во нафтена рафинерија, но не наведе која точно.

Според руските медиуми блиски до безбедносните служби, повеќе експлозии биле регистрирани во близина на рафинеријата на „Лукоил“, најголемата во јужна Русија, која дневно преработува 300.000 барели нафта.

Во Астраханската област, украински дронови нападнале гасна постројка, предизвикувајќи пожар, потврди гувернерот Игор Бабушкин, без да даде детали.

Шефот на украинскиот Центар за борба против дезинформации, Андриј Коваленко, изјави дека погодена е постројка на „Газпром“ со капацитет од 8.340 тони дневно.

Рускиот воздухопловен регулатор „Росавијација“ привремено ги суспендираше летовите од аеродромите во Астрахан, Волгоград, Казан, Нижнекамск, Саратов и Уљановск, но подоцна соопшти дека повеќето аеродроми продолжиле со нормална работа.

Руските власти тврдат дека украинските напади претставуваат терористички чин, додека Киев инсистира дека има право да напаѓа руска инфраструктура, бидејќи таа е клучна за војната која Москва ја води во Украина.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Продолжи судењето за убиството на Вања и Панче, Обвинителството презентира докази од видео материјали

Следно

Закажана јавна расправа за законски измени за безбедноста во сообраќајот

Latest from Blog

Ракометната федерација на Македонија со остра реакција по мечот со Грција: Кратенката НМКД е неприфатлива

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) најави дека ќе поднесе официјален приговор до Европската ракометна федерација (ЕХФ) и до Ракометната федерација на Грција поради кратенката што беше употребена во телевизискиот пренос од натпреварот

ИНТЕРВЈУ ЗА БУЛЕВАР.МК | Сања Божиновска: ЕУ ги препозна конкретните реформи и резултати во енергетиката

Европската комисија издвојува конкретни реформи и резултати, а гасните врски се енергетски автопати на државата 1. Во новиот извештај Европската комисија бележи напредок во енергетиката. Кои позитивни оценки ги сметате за најважни

КОШУТИЌ: Институциите да утврдат дали има одговорност за наодите од ревизијата

Генералниот директор на ЖРСМ Транспорт, Дејан Кошутиќ, очекува надлежните институции, меѓу кои и Јавното обвинителство, да ги разгледаат наодите од конечниот извештај на Државниот завод за ревизија и да преземат мерки во

Нови перспективи за новото лидерство: заврши 17. Школа за млади лидери на претседателот Иванов

Со завршна свеченост во хотелот „Инекс Олгица“ во Охрид, на 6 ноември заврши седумнаесеттата Школа за млади лидери на претседателот Иванов, посветена на темата „Нов свет. Ново лидерство. Нов прагматизам“. Годинашното издание

„И Здравје и Работа“: Македонија треба да ги следи европските политики за критични суровини и да создаде услови за одговорно рударство

Европскиот извештај е поттик за усогласување на законодавството, развој на рударството и искористување на потенцијалот на домашните минерални ресурси Европската Унија јасно укажува дека критичните минерални суровини имаат стратешко значење за европската
Go toTop