„Литро крв за потрошувачка кошничка“, акција за поддршка на бојкотот на маркетите

January 31, 2025
1 min read

Екипата на Урбани уметнички акции – Урбана герила Скопје од Центарот се современа уметност од Скопје, денеска излезе со нова герила акција со наслов „Литро крв за потрошувачка кошничка“.

Како што велат „герилците“, акцијата „Литро крв за потрошувачка кошничка“ е инспирирана од денешните највави за бојкот на маркетите поради енормно зголемените цени во последно време. Секојдневно сведочиме на ценовен хаос и поскапувања кои водат до се поголем пад на животниот стандард. Цените токлу брзо се менуваат што граѓаните се почесто во маркетите се шегуваат со вработените велејќи им „држи ја цената додека да извадам пари“.

Со оваа акција ние како уметниици, велат од Урбани уметнички акции – Урбана герила Скопје од Центарот се современа уметност, даваме активна поддршка на бојкотот на маркетите и се надеваме дека ваквите акции ќе извршат доволна мобилизација на граѓаните за да се креира притисок кон носителите на одлуки сериозно да се зафатат со проблемот на превисоките цени во маркетите а и на пазарите (иако земјоделците се соочуваат со исклучително ниски откупни цени на своите производи) и конечно властите да почнат да носат одлуки и решенија во корист на граѓаните, а не на крупниот капитал чиј интерес е единствено профитот.

На крајот само сакаме да ги потсетиме креаторите на кризи и оние трговци кои спроведуваат не фер трговски практитки дека најлошото место во пеколот е резервирано за алчните трговци, порачаа од Урбани уметнички акции – Урбана герила Скопје од Центарот се современа уметност.

ИЗВОР: racin.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Семејството и полицијата трагаат по 28-годишниот Миле Тодоров од Неготино кој е исчезнат од вчера

Следно

Во Тетово, делумен бојкот – граѓаните купуваа леб и основни продукти, се жалат за цените

Latest from Blog

ФИФА се огласи за љубовницата на Инфантино: “Никој не се пожалил на претседателот!“

фото: El Comentario (X) Откако се појави уште еден скандал во ФИФА и се појави информација дека кровната куќа на светскиот фудбал ѝ платила на љубовницата на претседателот на организацијата, Џани Инфантино,

Хаос кај Оман: Непознат проектил погоди брод

Според „UKMTO“, кој се повикува на доверлив извор, бродот бил погоден од непознат проектил, по што избувнал пожар. Пожарот е изгаснат, а бродот и сите членови на екипажот се безбедни, се вели

Бугарското МНР со критики за Македонија поради случајот со Ива Михајлова обвинета за сообраќајна несреќа со жртва

Министерството за надворешни работи на Република Бугарија изрази сериозна загриженост поради последната одлука на судот во Кочани да го отфрли барањето на 23-годишната Ива Михајлова за лекување во Бугарија. Михајлова има двојно
Go toTop