Најмногу снег на Попова Шапка

January 31, 2025
1 min read

Утрово е најстудено во Берово, Маврови Анови, Лазарополе и на Попова Шапка, нула степени, а најмногу снег има на Попова Шапка, 35 сантиметри. Како што информира УХМР, изминатите 24 часа најмногу врнежи се регистрирани во Пожар – Радовиш, 4 литри на метар квадратен, на Попова Шапка 3, во Крива Паланка, Струмица и Охрид 2, како и во Прилеп и Маврови Анови еден литар.

Висината на снежната покривка во Маврови Анови е 16 сантиметри.

До 08:30 часот се измерени два степена во Крушево, Битола, Прилеп, Струмица, Крива Паланка и Демир Капија, 3 Штип, Кавадарци, Скопје-Зајчев Рид, 4 Гевгелија, Претор, Велес, Скопје-Петровец, како и 5 во Тетово, Охрид и Виница.

Според УХМР, дeнеска претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Преку денот времето ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност поголема во западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17 степени. Во Скопје претпладне со појава на магла, во текот на денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб променлив ветер. Максималната температура ќе достигне до 16 степени.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Нејмар за враќањето во Сантош: Како да сум во временска машина!

Следно

Аксиос: Канцелариите на американскиот Конгрес се предупредени да не ја користат апликацијата DeepSeek

Latest from Blog

Се откажуваат летови, концерти и натпревари- силно невреме пустоши низ источниот брег на САД (ВИДЕО)

Летови, фудбалски натпревари и големи концерти се откажани, бидејќи милиони жители се подготвуваат за уште потешки временски услови во текот на викендот. Бурата ги погодува Њујорк, Њу Џерси, Масачусетс, Конектикат и Род

Меџити: Одлуките секогаш ги носевме заедно, така ќе продолжиме

Ко-претседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, порача дека одлуките во досегашното политичко дејствување ги носел заедно со своите соработници и поддржувачи, истакнувајќи дека заеднички стоеле зад принципите и

ВЛЕН: Албанската дијаспора во САД е клучен потенцијал за соработка

Политичката партија ВЛЕН соопшти дека е потребно дополнително зајакнување на врските со албанската дијаспора во САД и со американските институции. Ко-претседателот на ВЛЕН, Изет Меџити, за време на посетата на Њујорк присуствувал
Go toTop