Нејмар за враќањето во Сантош: Како да сум во временска машина!

January 31, 2025
1 min read

Бразилскиот напаѓач Нејмар го потврди своето враќање во својот прв клуб Сантош.

Во официјалното соопштение, 32-годишниот бразилски репрезентативец – сè уште најскапиот фудбалер на светот по неговата преселба во Пари Сен Жермен за 250 милиони долари во 2017 година – се надева дека преселбата во Сантош ќе му ја оживее кариерата.

Во видеото објавено за неговите 64 милиони следбеници на платформата X, Нејмар рече: „Еј момци, се чувствувам како да се враќам во минатото. Тука сум со моите пријатели и семејството и тие ми помогнаа да напишам неколку работи. Едноставно не можам да издржам до утре. Моето семејство и пријателите веќе ја знаат мојата одлука. Ќе потпишам договор со Сантош. Сакам да им се заблагодарам на моите фанови од целиот свет. Поминаа скоро 12 години откако заминав… и се чувствувам како да беше вчера. Моите чувства кон клубот и навивачите никогаш не се променија“.

Нејмар го имаше своето деби за Сантош во март 2009 година на 17-годишна возраст и постигна 136 гола на 225 натпревари пред да се приклучи на Барселона во 2013 година.

Тој одигра 186 натпревари во четири сезони во Шпанија, освојувајќи две титули во Ла Лига, Лигата на шампионите и Светското клупско првенство, пред да се пресели во ПСЖ за рекордна сума за трансфер.

Нејмар освои пет шампионски титули во Париз пред да се пресели во Саудиска Арабија кога му се приклучи на Ал-Хилал во август 2023 година.

-Имав прекрасни моменти во Ријад. Но, доживеав многу сериозна повреда што ме спречи да се вратам на начин како што би сакал. Сега морам повторно да играм. Само клуб како Сантош може да ми ја пружи љубовта што ми е потребна за да се подготвам за предизвиците што претстојат во годините што доаѓаат. Се надевам дека сите ќе бидете со мене во овој следен чекор од мојот живот.

Благодарен сум за сета ваша поддршка дури и во моите најтешки моменти. Ги имаше многу, но играњето фудбал, она што најмногу го сакам во животот е она што ме прави среќен, изјави Нејмар.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Италија: Блокиран пристапот до кинеската апликација за вештачка интелигенција „ДипСик“ поради загриженост за приватноста

Следно

Најмногу снег на Попова Шапка

Latest from Blog

ИНТЕРВЈУ ЗА БУЛЕВАР.МК | Сања Божиновска: ЕУ ги препозна конкретните реформи и резултати во енергетиката

Европската комисија издвојува конкретни реформи и резултати, а гасните врски се енергетски автопати на државата 1. Во новиот извештај Европската комисија бележи напредок во енергетиката. Кои позитивни оценки ги сметате за најважни

КОШУТИЌ: Институциите да утврдат дали има одговорност за наодите од ревизијата

Генералниот директор на ЖРСМ Транспорт, Дејан Кошутиќ, очекува надлежните институции, меѓу кои и Јавното обвинителство, да ги разгледаат наодите од конечниот извештај на Државниот завод за ревизија и да преземат мерки во

Нови перспективи за новото лидерство: заврши 17. Школа за млади лидери на претседателот Иванов

Со завршна свеченост во хотелот „Инекс Олгица“ во Охрид, на 6 ноември заврши седумнаесеттата Школа за млади лидери на претседателот Иванов, посветена на темата „Нов свет. Ново лидерство. Нов прагматизам“. Годинашното издание

„И Здравје и Работа“: Македонија треба да ги следи европските политики за критични суровини и да создаде услови за одговорно рударство

Европскиот извештај е поттик за усогласување на законодавството, развој на рударството и искористување на потенцијалот на домашните минерални ресурси Европската Унија јасно укажува дека критичните минерални суровини имаат стратешко значење за европската

„Паркинзи Битола“: Приходот од 2.747 СМС-пораки за роденденот на градот ќе оди за хуманитарни цели

И покрај тоа што паркирањето во Битола било бесплатно по повод „Роденденска Битола“, 1.363 корисници испратиле вкупно 2.747 СМС-пораки за регулирање на паркинг-сесиите, соопштија од „Паркинзи Битола“. Од јавното претпријатие најавија дека
Go toTop