Гончаренко во Аргумент плус: Очекуваме Трамп да преземе вистински чекори и да разговара со Русија

January 30, 2025
1 min read

Украинскиот пратеник Олексеј Гончаренко во Аргумент плус рече дека очекува Трамп да преземе чекори и да разговара со Русија на вистинскиот тон. Според него, таквите чекори се намалување на цената на нафтата и зголемување на санкциите кон Русија. Тој појасни и дека Украина има свои црвени линии кои нема да дозволи да се пречекорат во процесот на преговарање.

„Единствениот начин Русија да ја продолжи оваа војна и да ја финансира оваа војна е преку цената на нафтата. Ако Трамп би бил ефикасен во намалувањето на цената на нафтата тоа би било многу важен чекор и добар чекор. Тонот кој досега го користеше Трамп е добар затоа што рече дека или ќе седнете на преговарачка маса или ќе платите повиоска цена. Ова е вистинскиот тон затоа што Русија и Путин нема да седнат на преговори освен ако не го натераат да оди“, изјави Гончаренко и додаде дека можностите да се прекне војната за 100 дена се големи.

Гончаренко објасни и дека во процесот на преговори за прекин на војната Украина ќе ги каже своите црвени линии и нема да прифати компромиси во врска со нив. Според него нема можност за мировен договор бидејќи со него Русија не би ги вратила окупираните украински територии а Украина нема да ги признае како руски.

„За мене неприфатливо е признавање на некои од окупираните укрински територии како руски. Второ не би прифатиле какви било други ограничувања за украинската армија и одбранбените капацитети затоа што ако има украинска армија ќе ја има и Украина. Трето е безбедносни гарании за да веруваме дека Русија нема да не нападнат пак. За мене ова се црвени линии“, рече украинскиот пратеник.

Тој потенцираше и дека на преговарачката маса добро е да има и претставници од САД и од Европа.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Официјално: Стивен Џерард доби отказ во Ал Етифак

Следно

РАДИО ЛИДЕР: Еве кој е 20 годишниот Васил Јованов – Васо кој ја усмрти Фросина, требало да биде во притвор!

Latest from Blog

САД ги повикаа своите државјани да го напуштат Иран

Во соопштението на Стејт департментот се наведува дека американските државјани во Иран се соочуваат со „висок ризик од незаконско притворање, долготраен притвор, измачување и во некои случаи и смртна казна“. Исто така,

Јаневска: Изработивме нова законска регулатива за поквалитетно високо образование и развој на науката

Со поддршка од над 60 професори, засегнати институции и установи, претставници на студентите, стручни лица и експерти, Министерството за образование и наука подготви нова законска регулатива за високо образование и наука, од

Луксузен хотел во Кран-Монтана затворен поради пропусти во противпожарната заштита

Швајцарските власти донесоа одлука да затворат луксузен хотел со пет ѕвезди во ски-центарот Кран-Монтана, откако биле утврдени сериозни проблеми со противпожарната безбедност. Одлуката следува само неколку недели по трагичниот пожар во бар

„Илинден“-Тирана 17 години глас на Македонците во Република Албанија

На 6 февруари 2009 година беше формирано Македонското друштво “Илинден”-Тирана, а оваа година се навршуваат 17 години од неговото постоење и работа. Македонско друштво “Илинден”-Тирана е регистрирано во Основниот суд во Тирана,
Go toTop