РАДИО ЛИДЕР: Еве кој е 20 годишниот Васил Јованов – Васо кој ја усмрти Фросина, требало да биде во притвор!

January 30, 2025
1 min read

(ИЗВОР РАДИО ЛИДЕР) Срцето на 22-годишната амбициозна и креативна модна дизајнерка од Неготино, Фросина Кулакова синоќа престана да чука. Фросина на 15 минути пред полноќ прописно се движела по булеварот Партизански одреди, каде во близина на пекарата Силбо била прегазена од автомомобил кој се движел со над 130 километри на час.

Автомобилот, без возачка дозвола, го управувал 20 годишниот Васил Јованов од Скопје кој е добро познат на органите на прогонот. Радио Лидер открива детали од истрагата, но и детали за тоа кој е Васил Јованов.

Помеѓу неговата генерација во Карпош од каде што потекнува, 20 – годишниот Васил Јованов алиас Васо е познат како бесно и богато момче. Од неговите родители за својот 18 – ти роденден добил автомобил Пежо 207 кој веднаш почнал да го управува иако немал положено за возачка дозвола. За возачка дозвола никогаш не положил, ама затоа уште веднаш почнал да предизвикува невољи по скопските улици, невољи кои траат во последните две години и кои кулминираа со синоќешната прерана смрт на неготинчанката Фросина Кулакова.

Во 2023 година, скоро откако го добил автомобилот кој се води на име на неговиот татко, Васил предизвикал сообраќајка која резултирала со тешки телесни повреди на учесниците, дознава Радио Лидер од извори во МВР. Бил виновен за сообраќајката, немал возачка дозвола, добил и кривична пријава од МВР за серијата на кривични дела, но пријавата била одбиена од страна на Основното јавно обвинителство Скопје. Зошто? До овој момент немаме одговор.

Целиот текст прочитајте го ТУКА

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Гончаренко во Аргумент плус: Очекуваме Трамп да преземе вистински чекори и да разговара со Русија

Следно

Без возачка и пијан поминал на црвено и ја прегазил 22-годишната девојка на „Партизанска“

Latest from Blog

Трибините „експлодираа“ кога Ѓоковиќ се појави во Арената во Белград (Видео)

Најголемиот спортист во историјата на Србија, тенисерот Новак Ѓоковиќ, е присутен на натпреварот од првото коло на Евролигата помеѓу Црвена ѕвезда и Жалгирис, кој се игра на „Белградска Арена“. Тој влезе во

Над 23 милиони денари промет на Берзата, Комерцијална банка повторно најтргувана

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 24.09.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.784,13 поени. Во однос

Српски криминалци уапсени во „ВИЛАТА НА УЖАСОТ“ во Шпанија. Пронајдена е и соба за мачење

Шпанската национална полиција (Полиција Национал) разби опасна ќелија на српски организиран криминал што дејствувала по должината на брегот на Коста дел Сол, Кампо де Гибралтар и регионот Леванте, објави Ел Еспањол. Операцијата
Go toTop