СЕКОЈА СЛИКА НА КОЛЕ МАНЕВ Е ПРИКАЗНА ЗА КОПНЕЖОТ И НЕПОКОРНОСТА НА ОНИЕ КОИ ИЗДРЖАЛЕ РАСЕЛУВАЊЕ, РЕЧЕ АНА ФРАНГОВСКА НА КОМЕМОРАЦИЈАТА

January 30, 2025
2 mins read

Коле Манев беше визионерски уметник чиј живот и дело оставија неизбришлива трага во македонската и светска уметност, рече историчарката на уметност Ана Франговска на денешната комеморација во Даут пашин амам, во чест на уметникот и режисер кој почина на 83 години на 22 јануари.

„Неговите потези со четка исполнети со сурови емоции и историска длабочина зборуваат многу за борбите, надежите и издржливоста на на човештвото. Неговите дела се дел од колекцијата на Националната галерија на Македонија од постојната поставка на уметност на 20. век сведочејќи за неговото непроценливо наследство и неговата посветеност на уметничкото изразување. Секоја од неговите слики раскажува приказна за копнеж, разделба и непокорниот дух на оние кои ја издржале раселеноста“, рече Франговска.

На комеморацијата на која дојдоа голем број уметници, академици, говореа и министерот за култура и туризам Зоран Љутков и уметницата Дијана Томиќ-Радевска, во име на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ).

Од десно: министерот за култура Љутков, уметницата Јана Манева-Чупоска, ќерка на Коле Манев и претседателка на ДЛУМ, Марија Ѓошевска, советничка во Министерството за култура, филмологот Атанас Чупоски и Игор Манев, син на Коле Манев. (Фото: К. Попов)

Томиќ-Радевска се присети на средбите со него во Уметничкиот совет на ДЛУМ, истакнувајќи дека бил смирен и кроток во сите ситуации, и секогаш расположен за сугестии и совети.

„Коле Манев остави зад себе галерија на дела преку кои го отсликуваше духот на времето во кое живееше. Неговото име ќе остане симбол на уметничката слобода, на истрајноста во творењето, но и на големата љубов кон уметноста. Без разлика дали работеше во сликарството, графиката или скулптурата, неговите дела ја доловуваат душата на народот и на неговото време, ја пресликуваат секоја болка, радост и надеж“, рече министерот.

Манев е роден на 11 ноември 1941 година во Бапчор, Егејска Македонија. Училиште за применета уметност завршил во Скопје, а неговото уметничко патување е неразделно поврзано со трагичната историја на македонските уметници, кои биле протерани од своите домови за време на Граѓанската војна во Грција 1948 година. Се образувал во Скопје и Белград, каде завршил прв степен ан Ликовна Академија, а продолжил да го проширува своето знаење и во Париз и Прага, каде присуствувал на предавања за анимиран филм.

Како режисер и сценарист, Манев остави трајни белези и во филмската индустрија, со два играни филма: „Мост“ (2006) и „Еко Скоп“ (2022). Добитник е на голем број награди за сликарство и филм.

Томиќ-Радевска се присети на средбите со него во Уметничкиот совет на ДЛУМ, истакнувајќи дека бил смирен и кроток во сите ситуации, и секогаш расположен за сугестии и совети.  (Фото: К. Попов)

„Влијанието на Манев е најголемо како дел од групата македонски уметници кои оставија трајни белези во светската уметност преку бројни самостојни и групни изложби во Македонија, Франција и цела Европа.
Тој вистински трагач по човечката суштина, мајстор на македонското фигуративно сликарство. Неговите дела, сведоци за длабоките стардања на Македонците, се визуелни симфонии кои ги изразуваат најдлабоките чувства и размислувања за македонскиот дух и свет. Беше не само голем сликар, туку и борец за правата на уметниците, како претседател на ДЛУМ, и активен колумнист во медиумите, каде често се изјаснуваше за важни општествени теми. Естетиката на неговото фигуративно сликарство ја претставуваше со голем жар и почит. Секој негов потег беше потрага по длабока и индивидуална експресија, а неговата уметност и денес продолжува да биде светилник кој ја одразува колективната свест на општеството и ја поставува прашањето: „Каде одиме?“, велат од ДЛУМ.

Б. НЕСТОРОСКА

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Со математика и физика наместо со етика и логика ќе се поттикнува критичкото мислење кај децата, смета министерката Јаневска

Следно

Тренчевска до Мицкоски: Вашите мерки доживеаја дебакл, ќе го прифатите ли предлогот за укинување на ДДВ за храна?

Latest from Blog

Божиновска: Енергетската безбедност е неопходност, Македонија работи на нови правци за снабдување

Изградбата на гасниот интерконектор со Грција напредува, а завршувањето на македонската делница се очекува до средината на 2027 година. Поврзувањето со Србија е планирано за 2028 година, соопшти министерката за енергетика, рударство

Од каде доаѓа млекото за Млекара „Здравје“

Најголемиот дел од суровото млеко за Млекара „Здравје“ доаѓа од фармата на ЗК „Пелагонија“, а дел се откупува и од сточари во пелагониските и потпелистерските села. Зад млекото што пристигнува во млекарницата

Меџити: Со три компании од Боговиње разговаравме за условите за нови инвестиции

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, посети три компании во Општина Боговиње, каде што со нивните раководства разговараше за предизвиците во производството и за условите што им се

556 пензионери без картички подигнаа средства од „Алта банка“ во Битола

Вкупно 556 пензионери со платежни сметки во „АЛТА банка“ АД Битола, кои немаат платежни картички, подигнале средства на шалтерите во битолската филијала на 5 ноември, соопшти Народната банка. Првично биле планирани околу

Тоневски: Пробиштип усвои Акциски план за млади со конкретни активности за 2027/2028 година

Пробиштип беше домаќин на Национален младински дијалог, на кој учествуваа млади од Пробиштип, Берово, Пехчево, Виница, Зрновци и Кавадарци, како и младински работници. На настанот присуствуваше и градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони
Go toTop