Со математика и физика наместо со етика и логика ќе се поттикнува критичкото мислење кај децата, смета министерката Јаневска

January 30, 2025
1 min read

Пратеничката од СДСМ Даниела Николова на денешната собраниска седница прва постави прашање за предлог-реформите во гимназиското образование кои, како што рече, се носат без дебата и кои не само што ќе остават многу професори без работа, туку и ќе ја уништат критичката мисла кај младите, а со тоа и слободата во нашето општество. Со реформите се укинуваат предметите етика, логика и други.

„Реформите се навистина потребни, но наставните предмети филозофија и социологија стануваат изборни предмети, а етика, логика и други хуманистички науки се укинуваат. Зошто нема јавна дебата? Факултетите и институтите реагираат. Зошто не се сретнете со нив? Дали ќе понесете одговорност за уништување на критичката мисла кај младите? Па со уништување на критиката, ја уништувате слободата. Ќе создадете генерации кои нема да можат да состават критички ставови кои нема да разликуваат факти од лага, нема да знаат да аргументираат. Ќе понесете ли одговорност за тоа дека брилијантни луѓе од наставници, ќе останат без работа?“, прашуваше Николова.

Гарантирам дека никој нема да остане без работа. Би рекла дека професорите повеќе стравуваат од неизбирање на нивните предмети кои ќе бидат изборни. Додатниот ангажман на професорите ќе се плаќа како час, тие ќе мора да одат на обуки за кои се издвоени над 2 милиона евра, учениците нема да седат еден зад друг, туку ќе бидат во меѓусебна интеракција и во интеракција со професорите…Нема веќе наметнување еве ова ќе учите. Учениците сами ќе бираат што ги интересира, а потоа во гимназија подлабоко ќе навлезат во тоа што ги влече “, одговараше Јаневска од говорницата.

Таа смета дека со укинувањето на предметите етика и логика нема да се спречи формирањето на критичката мисла кај децата, учениците, бидејќи критичка мисла според неа многу повеќе се формира преку математика, хемија и други природни науки каде што има мисловен процес, а не учење како кај философија, социологија, етика логика и други општествени науки.

ИЗВОР: racin.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Таравари: Жалам што за скандалот со Онкологија нема судски епилог

Следно

СЕКОЈА СЛИКА НА КОЛЕ МАНЕВ Е ПРИКАЗНА ЗА КОПНЕЖОТ И НЕПОКОРНОСТА НА ОНИЕ КОИ ИЗДРЖАЛЕ РАСЕЛУВАЊЕ, РЕЧЕ АНА ФРАНГОВСКА НА КОМЕМОРАЦИЈАТА

Latest from Blog

ПСЖ се засили со репрезентативец на Франција!(ФОТО)

ФОТО:.facebook.com/PSG/ Пари Сен Жермен објави дека го ангажирал францускиот репрезентативец Лукас Дињ (33), кој пристигнува во Париз од Астон Вила. Искусниот лев бек потпиша договор со актуелниот француски и европски шампион до

Драма на Преспанското Езеро, 71-годишен рибар исчезна во водата, го бараат нуркачи од „Тигар“

Седумдесет и едногодишен скопјанец исчезнал вчера во водите на Преспанското Езеро, откако скокнал од чамец за да ги земе веслата кои му паднале во водата. Како што информира МВР, случајот бил пријавен

Дортмунд ги казни грешките на Арсенал и си замина дома со трофеј

ФОТО:.facebook.com/BVB Борусија Дортмунд го победи англискиот шампион Арсенал со 3-2 на домашен терен во пријателски натпревар и со тоа го освои Емирати Купот. Натпреварот на стадионот „Емирати“ започна подобро за гостите, кои

Нетанјаху го отфрла планот на Трамп за Газа

Неговата изјава доаѓа една недела откако американскиот претседател Доналд Трамп објави значителен напредок во разговорите. Одборот за мир (BoP) на Трамп потоа презентираше нов план од 15 точки, кој треба да воспостави

Без струја делови од Тетово, Теарце и Рогачево

Поради планирани прекини во електро-дистрибутивната мрежа, во понеделник (10 август) без електрична енергија привремено ќе останат делови од Тетово, Теарце и Рогачево. Според најавата, во Рогачево прекинот е планиран од 09:00 до
Go toTop