Мицотакис за железничката несреќата кај Темпи: И јас сакам да ја дознаам вистината

January 30, 2025
3 mins read

За евентуална кривичната одговорност на грчката железница, во случај да се докаже дека товарниот воз пренесувал нешто сомнително; за преземената политичка одговорност и категоричното отфрлање на веројатноста да си поднесе оставка; за неодговорените прашања; за обвинувањата за „владино прикривање на случајот“, говореше грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервјуто за телевизијата „Алфа“, во однос на железничката несреќа кај Темпи пред речиси две години, а по големите и масовни протести што во неделата се одржаа во цела Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

– Трагедијата кај Темпи, е колективна повреда и исто така е повреда која, би рекол и мене ми тежи, бидејќи бев премиер кога се случи оваа трагедија, кога млади деца влегоа во возот и никогаш не стигнаа до нивната дестинација, во средство кое требаше да биде безбедно. Мислите дека ова не ме оптоварува, не само како татко, туку и како премиер, да направам сè што можам за да ја дознаам вистината и да направам сè што можам за нашите возови сега да бидат безбедни и европски?, посочи Мицотакис.

Во долгото, детално и опширно интервју, грчкиот премиер нагласи дека правдата ќе даде одговори, посочувајќи дека се ближи крајот на процесот и истакнувајќи дека лично тој е „првиот човек по родителите на загинатите, кој сака да ја дознае вистината“ и дека не постои некој кој е „повеќе повреден или тажен или лут во овој случај“ од него.

За оставката на српскиот премиер и дали и тој би требало да го следи неговиот пример, Мицотакис категорично одговори негативно, објаснувајќи дека надлежниот грчки министер тогаш, по несреќата веднаш си поднесе оставка, но и дека премиерот во Србија, „во суштина нема овластувања“.

-Ја презедов соодветната одговорност, политичката, продолжувам да ја преземам, дури и да постои политичка цена, посочи Мицотакис и додаде дека секогаш е искрен пред грчкиот народ.

Со оглед на тоа што извештаите на експертите ангажирани од семејствата на загинатите, покажаа дека околу 30 од 57 загинати, не починале од сударот, туку од експлозиите што следеле и со фактот што самиот Мицотакис, 15 дена по несреќата рече дека во товарниот воз немало ништо сомнително, сега, грчкиот премиер, во однос на тоа што точно пренесувал товарниот воз, посочи дека тогаш не направил грешка, туку ги пренел информациите што тогаш ги имал.

Објасни дека тогаш бил апсолутно сигурен, бидејќи такви уверувања добил од инволвираните, од компанијата Hellenic Train, од Противпожарната служба и од грчката железница.

– Компанијата Hellenic Train, која е одговорна, ќе треба да одговара и да одговара и кривично – очигледно ова не е моја работа – но да одговара и политички. Затоа што Hellenic Train беше онаа што ме уверуваше, не мене, туку грчкиот Парламент. И потсетувам дека оваа изјава беше дадена две седмици по несреќата. Значи, ако ме прашате дали се каам или згрешив, директно ви велам: очигледно со она што го знам денес, немаше да го кажам тоа што го кажав тогаш, рече Мицотакис.

Во однос на информациите дека постоеле интервенции на местото на несреќата неколку часа по судирот и просторот не бил затворен, со што постојат обвинувања дека Владата се обидува да прикрие нешто, грчкиот премиер објасни дека „некои одлуки беа донесени на терен“, а за него лично, грижата во тој момент била да се извлечат и да се идентификуваат телата.

– Ако беа донесени некои оперативни одлуки за стабилизирање на теренот, за да може кран да оди и да го крене возот за да види што има одоздола, не знам за тие одлуки и не мора да знам. Но, сигурен сум дека сето тоа беше направено со добра намера. А целта во тој момент не беше да се прикрие нешто. И за ова сакам да бидам категоричен: не постои поголема навреда за премиер и татко од тоа некој да тврди дека во тој момент на болка, тага, гнев, мојата грижа беше да прикријам, да прикријам што точно?, објасни Мицотакис, додавајќи дека ако била направена некаква грешка на терен, тоа ќе го проценат надлежните.

На прашањето дали би се согласил за формирање предистражна комисија во парламентот за одредени политичари, одговори позитивно, велејќи дека под услов обвинителот, кој ја има целосната слика, целосно да утврди дека може да има потенцијална инволвираност.

За интервјуто на Мицотакис и за изразените позиции реагираа од опозициските партии.

Од ПАСОК коментираа дека „во обидот да ја задржи својата фотелја, Мицотакис го демантираше Мицотакис“, а лидерот на СИРИЗА Сократис Фамелос рече дека „Мицотакис е непокаен, неадекватен, исплашен и поразен“.

Железничката несреќа кај Темпи во која загинаа 57 лица се случи на 28 февруари 2023 година, а откако во јавноста беа објавени нови докази од истрагата на експертите ангажирани од семејствата на загинатите, во неделата низ цела Грција се одржаа масовни протести, преку кои граѓаните побараа правда.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Земјотрес со јачина од 5,6 степени го погоди Тајван

Следно

Телеграма со сочувство до Албанската православна црква по повод упокојувањето на г. Анастасиј

Latest from Blog

Мадона се мажи за момче, помладо од нејзината ќерка- свадбата ќе се одржи во Европа

Странските медиуми објавуваат дека Мадона (67) наскоро би можела да го каже судбоносното „да“ на своето 38-годишно момче Аким Морис (29), со кого е во врска неколку години. Според „Радар онлајн“, Аким

Тројца мажи од група од 50-тина што им се закануваше на Србите во Сплит се приведени, откриен идентитетот на еден од вмешаните во скандалот

Сплитската полиција, неофицијално дознава „Слободна Далмација“, во вторник пронашла и привела тројца мажи за кои се сомнева дека се дел од група од околу педесет лица во понеделник вечерта во рацијата во

Со колку пари се купува среќата?

Сите ја знаеме познатата изрека „Среќата не се купува со пари“, но сумата на пари што ја заработувате може да влијае врз тоа како ја доживувате среќата, вели едно најново научно истражување.

Мицкоски од Брисел: Поради вештачки спорови две и пол децении стоиме во место на нашиот европски пат

Две и пол децении по почнувањето на нашиот пат кон членство во ЕУ, ние се уште сме на истото место, не затоа што не ги исполнуваме Копенхашките критериуми, туку поради некои вештачки
Go toTop