Телеграма со сочувство до Албанската православна црква по повод упокојувањето на г. Анастасиј

January 30, 2025
1 min read

Директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) Оливера Трајковска испрати телеграма со сочувство до Светиот архиерејски синод на Православната црква на Република Албанија, до свештенстовото и до православните верници по повод упокојувањето на архиепископот на Тирана, Драч и на цела Албанија, г. Анастасиј (Јанулатос).

-Дозволете ми од името на македонските граѓани и од мое лично име како директор на македонската Комисија за односи со верските заедници и религиозни групи да го изразиме нашето сочувство со Албанската православна црква и албанскиот православен народ поради упокоението на нејзиниот Поглавар, г. Анастасиј (Јанулатос), Архиепископ на Тирана, Драч и на цела Албанија, наведува  Трајковска.

Според неа, Албанската помесна црква овие денови се соочува со загуба од натчовечки размери.

-Изразувам длабоко сочувство до Вас и со нажалено срце станувам дел од Вашите молитви.Смртта на неговото Блаженство архиепископот Анастасиј е загуба на еден духовен татко на една Помесна црква, загуба на еден народ, загуба на целата Вселенска црква. Блаженоупокоениот архиепископ чија што евангелска дејност беше препознаена, посведочена и афирмирана од цела православна и христијанска екумена, го красеше одлика на вистинска човечност, пожртвуваност и умносрдечност. Бог да му подари Царство небесно на новопретставениот архиепископ г. Анастасиј, а споменот на земјата да му биде вечен, пишува Трајковска во телеграмата.  

ИЗВОР: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Мицотакис за железничката несреќата кај Темпи: И јас сакам да ја дознаам вистината

Следно

Занаетчиите го поддржуваат бојкотот, повикуваат граѓаните да пазарат кај малите занаетчии

Latest from Blog

Босна славеше против Катар и со една нога е во следната рунда, Швајцарија заврши прва во групата (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Босна и Херцеговина ја победи репрезентацијата на Катар со 3:1 во Сиетл во натпреварот од третото коло од групата Б на Светското првенство. Со оваа исклучително значајна победа, „Змејовите“ направија

Татко монструм бил во врска со својата 18 – годишна ќерка, таа си пресудила, тој доби минимална казна

Стивен Винсент Чавез, 41, се изјасни за виновен во мај за инцест и обезбедување алкохол на малолетник, а оваа недела беше осуден, соопшти канцеларијата на окружниот обвинител на округот Вентура, објави Дејли

Јанушев оди под лупа, корупција ќе го чешла

Државната комисија за спречување на корупцијата ќе ги разгледува новите наводи за генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, и неговата можна поврзаност со компанија регистрирана во Бугарија. Од ДКСК потврдуваат дека имотната

ОН: Бродовите веќе поминуваат низ Ормутскиот теснец по планот за евакуација на 11.000 поморци

„Бродовите веќе почнаа да минуваат според планот“, изјави портпарол на Меѓународната поморска организација на ОН (IMO), но одби да даде детали за бродовите што поминале низ теснецот. Најмалку два носачи на товар
Go toTop