Чупеска во Аргумент плус: Дел од советничката листа на Мицкоски покажува дека ВМРО-ДПМНЕ има влијание од Груевски

January 29, 2025
1 min read

Потпретседателката на СДСМ, Ана Чупеска во Аргумент плус рече дека дел од имињата кои се најдоа на советничката листа на премиерот Мицкоски се доволен показател дека ВМРО-ДПМНЕ има влијание од поранешниот премиер и лидер Никола Груевски. Според неа, иако овие имиња треба да ги гледаме во судовите, сепак државата најдува начин да ги оправда нивните постапки. Таа појасни и дека измените на Кривичниот законик од позиција на опозиција се грешка. 

„Освен тоа што ова е тешка катастрофа значи и дека партијата ќе има поголемо влијание од Груевски. Ние имавме многу прилики да чуеме што работеа и правеа овие луѓе сепак се продолжува да се работи по старите режимски навики“, рече Чупеска и додаде дека лица кои се вмешани во нападот на 27 април не може да советуваат ништо освен како да се направи повторен државен удар.

„СДСМ не е на власт и нашиот став е јасен, сакаме измена и нов Кривичен законик, тоа е неспорно. Од позиција на опозиција свесни сме дека измената беше голема грешка и тука нема никаква дилема. Сите што сме во моментов на раководни фукции на партијата сите сме со таков став“, изјави таа.

Чупеска зборуваше и за посетата на премиерот Христијан Мицкоски во САД и рече дека СДСМ на тоа гледа како ПР екскурзија. Според неа, најавите за нови инвестиции доаѓаат во време кога Трамп воведува нови царини и такси а средбите на премиерот, како што вели таа, немаат ефект.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ердоган: Туркије ќе продолжи да ја разоткрива реалната состојба во Газа

Следно

Македонија ќе добие нови амбасадори во Украина, Јапонија и Хрватска

Latest from Blog

САД ги повикаа своите државјани да го напуштат Иран

Во соопштението на Стејт департментот се наведува дека американските државјани во Иран се соочуваат со „висок ризик од незаконско притворање, долготраен притвор, измачување и во некои случаи и смртна казна“. Исто така,

Јаневска: Изработивме нова законска регулатива за поквалитетно високо образование и развој на науката

Со поддршка од над 60 професори, засегнати институции и установи, претставници на студентите, стручни лица и експерти, Министерството за образование и наука подготви нова законска регулатива за високо образование и наука, од

Луксузен хотел во Кран-Монтана затворен поради пропусти во противпожарната заштита

Швајцарските власти донесоа одлука да затворат луксузен хотел со пет ѕвезди во ски-центарот Кран-Монтана, откако биле утврдени сериозни проблеми со противпожарната безбедност. Одлуката следува само неколку недели по трагичниот пожар во бар

„Илинден“-Тирана 17 години глас на Македонците во Република Албанија

На 6 февруари 2009 година беше формирано Македонското друштво “Илинден”-Тирана, а оваа година се навршуваат 17 години од неговото постоење и работа. Македонско друштво “Илинден”-Тирана е регистрирано во Основниот суд во Тирана,
Go toTop