„Пари, медиуми и избори“ – претставници на ИФЕС ги презентираа пред членови на КЕП наодите за државното финансирање во земјава

January 29, 2025
1 min read

Претставници на Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС) денеска пред претседателот и членови на собраниската Комисија за европски прашања (КЕП) ги презентираа наодите од тркалезната маса насловена „Пари, медиуми и избори“, посветена на државното финансирање во Северна Македонија, со цел да се придонесе за поправеден, посилен и потранспарентен систем.

При презентацијата на проектот, кој е финансиран Владата на Обединето Кралство, со поддршка на Британската амбасада во Скопје, претседателот на КЕП, Антонијо Молошоски, истакна дека наодите од оваа анализа треба да бидат во функција на унапредување на изборната регулатива, пред се во делот на државното финансирање, за што, како што рече, сепак, е потребна вклученост на сите засегнати страни, како што се надлежните министерства или новинарските здруженија.

За таа цел, како што информираат од Собранието, Милошоски рекол дека наскоро може да се организира дебата во КЕП, со оглед на тоа што во земјава претстојат локални избори и е воочена потребата од соодветна дорегулација на платеното политичко рекламирање за време на избори, преку вклучување и на интернет порталите во правната рамка.

Според анализата на ИФЕС, на последните (парламентарни) избори минатата година, вкупно 251 интернет портали се регистрирале во Државната изборна комисија за публикување платени реклами. Според извештаите, 150 од овие медиуми (60%) навистина публикувале платени реклами. Вкупно, се проценува дека порталите примиле 811,013 јавни средства во евра, односно 20% од вкупните расходи за платени политички реклами, што ја нагласува влијателната улога на партиите и порталите во обликувањето на перцепциите на јавноста за изборната кампања и за кандидатите.

На средбата со претставниците на ИФЕС, се вели во соопштението, се разговарало и за потребата за јасно дефинирање и издвојување на улогите за време на изборите на надзорните тела, како што се АВМУ, ДИК, ДКСК, ДЗР. Биле разменети мислења и за можностите за интегрирање на родовата еднаквост во јавното финансирање, како начин за подобрување на учеството и застапеноста на жените во политичкиот и во јавниот живот, како и за забрана на говорот на омраза во платеното политичко рекламирање.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ристовски на средба со новиот претседател на ФФМ, Омерагиќ

Следно

Собраниската Комисија избра седум кандидати за АВМУ

Latest from Blog

Бетис како гостин го “реши“ Виљареал

ФОТО:.facebook.com/realbetisbalompie Бетис го победи Виљареал со 2:1 на гостински терен во последниот натпревар од петтото коло на Ла Лига. Бетис победи по пресврт, со головите на Ернандез и Натан, додека Жерар Морено

Трамп пушта музика во авион на најсилно- сите се изненадени од неговиот избор (ВИДЕО)

За време на летот, тој им пушти песни од неговата „одобрена плејлиста“, за која рече дека поголемиот дел од неа самиот ја составил. Пред да започне музиката, стјуардесата им го пренесе прашањето

Легендарниот Џејмс Милнер се врати во Ливерпул

ФОТО:.facebook.com/LiverpoolFC Легендата на Премиерлигата, Џејмс Милнер, се врати во Ливерпул. На крајот од минатата сезона, Џејмс Милнер ја заврши својата 24-годишна кариера како рекордер со најмногу одиграни натпревари во Премиерлигата. Милнер не

Најмалку 21 жртва во страшна сообраќајна несреќа во Јужна Африка

Несреќата се случи во недела навечер во покраината Западен Кејп помеѓу малите градови Принц Алберт и Лиу-Гамка, околу 380 километри источно од Кејптаун, соопшти Корпорацијата за управување со патниот сообраќај, пренесува АП.
Go toTop