Љубе Бошкоски доби ослободителна пресуда во „Кампања“

February 22, 2023
2 mins read

Бошкоски за случајот одлежа петгодишна затворска казна, но судот во Стразбур пресуди во негова корист, по што тој доби ново судење

Поранешниот министер за внатрешни работи и лидер на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, доби ослободителна пресуда во повтореното судење за случајот „Кампања“.

Пресудата денеска ја изрече судечки совет од Основниот кривичен суд Скопје, на чело со судијката Елена Илиевска-Јосифовиќ.

Бошкоски во „Кампања“ се гонеше за кривичните дела злоупотреба на средства за изборна кампања и за злоупотреба на службената положба и овластувања, а во врска со изборната кампања за парламентарните избори на 5 јуни 2011 година. За случајот тој беше уапсен ден по изборите пред ресторанот „Воденица“ во скопската населба Капиштец.

Љубе Бошкоски доби ослободителна пресуда во случајот „Кампања“, Фото: 360 степени

Во пресрет на изрекувањето на денешната пресуда, обвинителството во завршните зборови направи измена на обвинителниот акт, односно поради застареност се откажа од гонење за делото злоупотреба на службената положба и овластувања.

Бошкоски се гонеше дека во два наврати зел 7,3 милиони евра за финансирање на изборната кампања во 2011 година од странски државјанин кој во процесот беше и еден од клучните сведоци и се сослушуваше како загрозен сведок под псевдоним З1.

Меѓутоа, тој не сведочеше во повторениот судски процес. Судијката Илиевска-Јосиповиќ рече дека судот во два наврати се обидел да го повика да сведочи, но безуспешно.

„Овие обиди останаа безуспешни со оглед дека од надлежната единица судот е известен дека не може да се утврди, односно не располагаат со податоци за идентитетот на загрозениот сведок”,

рече судијката.

Во повторениот судски процес, рече таа, судот не можел да утврди дека Бошкоски ги зел парите од странско лице.

Ослободителната пресуда беше дочекана со аплауз од присутните луѓе блиски на Бошкоски, а еден од неговите адвокати, Владимир Ракочевиќ, по соопштувањето на одлуката ѝ рече на судијката на српски јазик: „Ви сте права богиња”.

Бошкоски во првиот судски процес од Кривичниот суд беше осуден на седум години затвор, казна која Апелацискиот суд потоа ја намали на пет години затвор.

Бошкоски ја одлежа казната во „Идризово“, а во меѓувреме поведе постапка пред Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во Стразбур. Во јуни 2020 Стразбур пресуди во негова корист бидејќи сметаше дека му биле прекршени правата на фер судење и констатира дека во текот на судскиот процес имало недостиг на правичност. ЕСЧП одлучи и дека државата треба да му исплати нематеријална штета од 4 500 евра и 1 220 евра за трошоци и расходи.

По одлуката на Стразбур, поранешниот министер за внатрешни работи бараше ново судење, за кое Основниот кривичен суд Скопје во февруари 2021 година донесе позитивна одлука.

„Согласно пресудата на Судот за човекови права во Стразбур, добиено е позитивно мислење од надлежниот јавен обвинител по што е уважено барањето, за кое странките не вложиле жалба пред Апелацискиот суд и тоа е веќе правосилно“,

соопштија тогаш од Кривичен.

Инаку, во врска со начинот на кој Бошкоски беше уапсен на 6 јуни 2011 година, што беше снимено и прикажувано и од национални телевизии, Специјалното јавно обвинителство (СЈО) отвори случај под кодно име „Тортура“. За кривичното дело мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување, СЈО ги гонеше поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, тогашниот командант на полициската единица „Алфа“, Ивица Анчевски-Пуки, како и петмина припадници на оваа единица. Судскиот процес за „Тортура“ во јуни 2021 година заврши пред првостепениот суд со ослободителна пресуда бидејќи судот сметаше дека обвинителството не докажало надвор од основано сомнение дека обвинетите се виновни за делото.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

У реду е Трамп, знаеме

Следно

Туркије: Одреден притвор за 160 лица во врска со урнатите згради во земјотресите

Latest from Blog

Лимани: Непријавувањето на насилството од страна на жртвите е еден од најсериозните проблеми, што е најчесто резултат од недовербата во институциите

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани учествуваше на панел дискусија по повод почетокот на 16 дена активизам против родово базирано насилство во организација на Агенциите на ООН во земјава,

ПОСТАВКА СО РЕТКО ИЗЛОЖУВАНИ ДЕЛА ОД КОЛЕКЦИЈАТА НА МСУ ЗАЕДНО СО ДЕЛА ОД СОВРЕМЕНИ УМЕТНИЦИ СЕ ОТВОРА НА 28 НОЕМВРИ

Изложбата „Прекршено време. И светот се пресоздава од тоа што го заборава“ ќе се отвори на 28 ноември во Музејот на современа уметност (МСУ) Скопје. Куратори на поставката се Ивана Васева, Благоја

Лидерот на СДСМ Венко Филипче на средба со претседателката Сиљановска-Давкова

Лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче и претседателката на државата Гордана Сиљановска – Давкова денеска ќе одржат работна средба. Како што соопштија од СДСМ, средбата ќе биде во Кабинетот на претседателката во
Go toTop